Мегабајт (од англ. megabyte) — содржател (изведена единица) на единицата бајт за складирање или пренос на дигитални податоци, и има две разни вредности во зависност од контекстот: бајти (220) за сметачки складови (мемории); и еден милион бајти (106, вид. претставката мега-) општо за складирање кај сметачите. Одборот на IEEE одлучил дека „Мега ќе значи 1 000 000“, со исклучок на степенуваните значења на основа 2. Во ретки случаи може да значи 1000×1024 () бајти. It is commonly abbreviated as МБ , (MB) или Мбајт (Mbyte) (но не Мб или Mb, бидејќи тоа е симбол за мегабит).

Толкување Поимот „мегабајт“ најчесто се користи со значење 10002 бајти или 10242 бајти. Се јавил како компромисен технички жаргон за содржателите на бајтот што требале да се изразуваат степенувано на основа 2, но немале погоден назив. Бидејќи 1024 (210) е приближно на 1000 (103), што грубо земено одговара на SI-содржателите, ова почнало да се користи за бинарни содржатели. Кон крајот на 2007 г. владините служби и организациите за стандардизација како IEC, IEEE, ЕУ и NIST предложиле стандарди за бинарни претставки, со што се бара мегабајтот да значи точно 10002 бајти, а мебибајтот да значи 10242 бајти. Поради ова, сè поголем број на програмски проекти ги користат новите определници, но некои податотечни раководители сè уште ја прикажуваат големината на податотеките според бинарното толкување (10242 бајти). Поимот и понатаму е двосмислен, и може да се води по едно од следниве две значења: бајти (10002, 106): Ова е значењето што го препорачува (систмеот SI) и Меѓународната електротехничка комисија (IEC). Ова толкување се користи кај мрежите и највеќето носачи на податоци, особено тврди дискови, флеш-складовиSanDisk USB Flash Drive „Напомена: 1 мегабајт (МБ) = 1 милион бајти; 1 гигабајт (ГБ) = 1 милијарда бајти.“ и DVD-дискови, и е во согласност со другите примени на SI-претставката кај сметачите, како за честотни брзини или мерките за моќност. Податотечниот раководител Mac OS X 10.6 претставува истакнат приемер за примената на ова толкување во програмите. Почнувајќи од Snow Leopard, податотечната големина се изразува во декадни единици. bytes (10242, 220): Ова толкување најчесто се среќава кај сметачкото памтење, но највеќето програми што прикажуваат големина на податотеките или капацитетот на дискот (двигателот) (вклучувајќи ги податотечните раководители) исто така го следат ова толкување. Податотечниот раководител на Microsoft Windows е истакнат пример за ваквата употреба кај програмите. бајти (1000×1024): This is used to describe the форматиран капацитет на 3,5-инчна дискета од „1,44 МБ“, која впрочем има капацитет од бајти.

Полупроводничките памтила се удвојуваат во големина со секое додавање на адресен ред во секој пакет интегрални кола, и тука се претпочита изразувањето на величини на основа 2. Капацитетот на тврдиот диск е производ на големината на секој сектор, бројот на сектори по витка, бројот на витки по страна и бројот на диск-плочи во уредот. Промените во некој од овие фактори обично ја удвојуваат големината. Големините на секторите се утврдени по пат на удвојување (256 бајти, 512 бајти итн.) за полесна обработка. Затоа зголемувањето на дискот се изразува во содржатели на големината на секторите, давајќи мешавина од декадни и бинарни содржатели за изразување на капацитетот на дискот.

Примери за употреба десно|мини|200п|Дискета од „1,44 МБ“ може да смести 1.474.560 бајти податоци. Во овој случај, „МБ“ значи 1,000×1.024 бајти. Зависно од методот на збивање и податотечниот формат, мегабајт податоци може да биде: растерска слика со 256 бои и 1024×1024 пиксели (при длабочина на боја од 8 bpp). 1 минута збиена аудиоснимка во формат MP3 со 128 кбит/сек. 6 секунди незбиена аудиоснимка на CD. просечна книга во текстуален формат (500 страници × 2000 знаци по страница).

Поврзано Бинарна претставка Мегабит Величински редови (податоци)

Наводи

Надворешни врски Толкувања според Меѓународната електротехничка комисија (IEC) Претставки и симболи за бинарни содржатели на Меѓународната електротехничка комисија (IEC)

Категорија:Единици за информации