Зетабајт (од англ. zettabyte), (симбол: ЗБ или ZB, изведен од SI-претставката „зета-“) е единица за информации или складирање на сметачки податоци еднаква на еден секстилион (трилијарда) бајти.До 2015 г. се предвидува „зетабајтна поплава“ - Том Бартон (јануари 2008) Зетабајт до 2010 г: Деловните податоци се зголемија за 50 пати во текот на три години - Лукас Миријан (март 2007) Студија: Дигиталниот универзум и нејзиното влијание е поголемо отколку што мислевме - Лукас Миријан (март 2008) Според направената студија, протокот на податоци на интернет ќе достигне еден зетабајт до 2015 г. 1.000.000.000.000.000.000.000 бајти = 10007 или 1021.

Поимот „зебибајт“ (ЗиБ, ZiB), кој има бинарна претставка, се користи за изразување на основа на 1024.

Споредба Еден зетабајт е еднаков на милијарда терабајти.

Според годишното истражување на International Data Corporation, количеството на дигитални податоци во светот се очекува да надмине 1,2 зетабајти во текот на 2010 г. Ова е рамносилно на податоците што би се создале ако секој на светот постојано испраќа пораки на Twitter цел век без престан.

Стручњакот Марк Либерман пресметал дека сите зборови изговорени во историјата на човештвото би можеле да се сместат на дигитална снимка од 42 зетабајти со 16-битен запис при 16 kHz .

Според истражувањето извршено на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, во 2008 г. Американците потрошиле 3,6 зетабајти информации.Извештај за потрошувачката на дигитални податоци во САД за 2008 г.

Поврзано Бинарна претставка Зебибајт Величински редови (податоци)

Наводи

Категорија:Единици за информации

de:Byte#Bedeutungen von Dezimal- und Binärpräfixen für große Anzahlen von Bytes