Рона (француски: Rhône, франкопровансалски: Rôno) е департман во регионот Оверњ-Рона-Алпи. Департманот го носи името на реката Рона.

Историја

Департманот Рона е создаден на 12 август 1793 г., со разделувањето на некогашниот департман Рона и Лоара на два дела: Рона и Лоара.

Во прво време, границата на департманот се поклопувала со самиот град Лион. Но кога градот се проширил и во другите општини, департманот е проширен за да ги опфати новосоздадените предградија.

Географија

Позначајни реки во департманот се Рона и Сона (која се влева во Рона во Лион).

Рона се граничи со департманите Ен, Изер, Лоара и Сона и Лоара.

Над 75% од населението живее во Градската заедница Лион. Освен Вилфранш на Сона, сите други најголеми места ѝ припаѓаат на градската заедница (1999):

Лион: 470.187 жители Вилурбан: 134.500 жители Венисје: 56.487 жители Калир и Кир: 41.667 жители Сен-Прис: 41.213 жители Во-ан-Велен: 39.466 жители Вилфранш на Сона: 38.863 жители Брон: 38.600 жители

Поврзано Кантони во Рона Општини во Рона Окрузи во Рона Арпитански јазик (наречен и франкопровансалски)

Надворешни врски Страница на префектурата Страница на генералниот совет ''69.pagesd.info - портал и именик на департманот

Категорија:Департмани во Оверњ-Рона-Алпи