Споменикот Гоце Делчев — споменик кој се наоѓа во градот Струмица, Македонија. мини мини|Споменикот „Гоце Делчев“ пред реконструкцијата.

Конкурс

Во 1972 година, бил распишан анонимен југословенски конкурс на кој учество зеле осум познати македонски вајари со 13 решенија. На конкурсот учествувале Бранко Конески, Илија Аџиески, Драган Поповски - Дада, Борко Митриќески, Александар Ивановски Карадаре, Томе Андреевски и Максим Димановски. Дури по повтореното одбирање, во која биле поставени и дополнителни барања (вклучително и обликување на плоштадот каде ќе биде поставен споменикот), било одобрено решението на академскиот ликовен уметник Бранко Конески а партерното решение било на архитектот Мирјана Волинец, и двајцата од Скопје.

Изградбата на споменикот била по повод стогодишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Остварувањето на споменикот започнала во 1973 година, а завршила на 11 октомври 1976 година.

Опис

Доминантна е скулптурата од лиена бронза на Гоце Делчев во натприродна висина од 5,20 м. со симболична претстава на повик на борба за слобода, поставена на постамент.

Тематско-иконографски, фигурата го претставува Делчев како симбол на повикот на борба за слобода и сугерира дека неговата сила на револуционер не е во оружјето туку во идејата за покренување на организацијата во извршувањето на својот идеал. Колосалната статуа го претставува го претставува Гоце Делчев зачекорен со десната нога што е свиткана во коленото како момент на опора и го повлекува динамизмот во акција. Двете раце му се широко раширени во едно закрилничко, благо движење. Делчев е облечен со гуна која е предадена со поедноставни атрибути на селско-комитска униформа. Доста е наметлива анатомско-пластичната изместеност и пренагласеност на слободата во решението на рацете, што наметнува изнасилување во некои детали и на горниот дел од облеката, Стилски тргнувајќи од реалистичка постапка, статуата е решавана со подвлекување на рамни линии и површини, геометризација, наместа непотребно нагласена масивост на одредени детали како на пример на десните долни дипли на гоцевата наметка-туна. Оваа обработка со остри, четвртести, коцкесто-кубистички поедноставувања е забележлива и врз главата на Гоце.

На споменикот стои натписот:

Лево и десно од скулптурата на Гоце Делчев се прилепени две мермерни платна со релјеф на кои се поставени 16 фигури на револуционери со висина од над 2 метри, исто така поставени во движење со различити изрази на лицатаwww.strumica.gov.mk. Овие фигури го сугерираат одговорот на народот по повикот на Делчев. Разновидните енергични или опуштени ставови и движења, нагласено со различни изрази на лицето на овие 16 фигури, облечени слично како и Делчев, наметнуваат една натегната конструктивност. Ликовите и носиите не се поврзани за еден крај од Македонија и треба да ја сугерираат присутноста на Делчев во настаните од тоа време. Пред реконструкцијата на спомениците, зад мермерните платна се аоѓаа записи, заклетви и архивски материјал.

Денеска споменикот се наоѓа на истоимениот плоштадwww.ii.edu.mk. За последен пат, споменикот бил реновиран во 2010 година.

Наводи

Надворешни врски

Струмица Категорија:Згради и градби во Струмица Гоце Делчев Категорија:Појавено во 1976 година во Македонија