Прованса-Алпи-Азурен Брег (; ) е регион во Франција.
Образуван е од следниве поранешни покраини: Прованса папската територија Авињон (Конта-Венасен) некогашната сардинско-пјемотска област Ница, со крајбрежјето Француска Ривиера (во Франција наречена Азурен Брег) југоисточниот дел од некогашната француска покраина Дофине во Алпите.
Во регионот има 6 департмани. На исток се протега границата со Италија , на југ е Средоземното Море и кнежевството Монако, на север е департманот Рона-Алпи, а на запад Лангдок-Русијон со реката Рона долж самата граница. Департманите се следниве:
Вар Воклиз Горни Алпи Горнопровансалски Алпи Приморски Алпи Устие на Рона
Во економски поглед, реионот е трет по важност во земјата, веднаш по Ил де Франс и Рона-Алпи. БДП во регионот во 2006 г. изнесувал 130.178 милиони евра (27.095 евра по глава на жител).
Поголеми градови Најголеми градови во регионот се Марсеј, Ница, Тулон и Екс ан Прованс, сите со население над 100.256 жители (попис 1999). Најбогат град е Ница.
Антиб (со Жиан-Ле-Пан) Арл Авињон Вилнев-Лубе Грас Драгињан Екс ан Прованс Јер Кан Ла Сејн-сир-Мер Ле Кане Манделие-ла-Напул Марсеј Мартиг Мужен Ница Обањ Тулон Фрежис
Надворешни врски
Генерален совет на Прованса-Алпи-Азурен Брег „Нашата Прованса“ - откријте го регионот FranceSouth.com Водич низ Прованса-Алпи-Азурен Брег
Категорија:Региони во Франција