Ендр (фр. Indre) е река во средна Франција, лева притока на реката Лоара.
Изворот на реката се наоѓа во близу селото Преверанж во департманот Шер. Тече во северозападен правец, низ следиве департмани: Шер, Ендр и Ендр и Лоара.
Ендр се влева во реката Лоара кај атомската централа во Шинон, северно од Авоан.
Главна притока на Ендр е помалата река Ендроа, која се влева во Ендр кај Азе на Ендр.
Реката минува низ следниве департмани и градови: Ендр: Ла Шатр, Шатору Ендр и Лоара: Лош Шер
Наводи Геопортал на Франција Податоци за реката Ендр
Категорија:Реки во Центар-Долина на Лоара Категорија:Ендр (департман) Категорија:Ендр и Лоара Категорија:Шер (департман)