Света Петка — црква во месноста Три Круши над селото Драчево. До неа е подигнат голем крст кој навечер свети над Драчево. Непосредно пред црквата се изградени голем број на клупи и маси, а секое лето на сцената пред крстот се одржува културната манифестација Културно лето „Три Круши“. Веднаш до црквата стои стариот камен (мермерен) крст со натпис Света Петка. Овој крст познат меѓу драчевци и како Корџев Крст, стоел на ова место многу одамна, кога најверојатно постоела црква со име Света Петка. Сегашната црква е возобновена во поново време од семејството Павлевци (според натписот над влезната врата на црквата). Внатрешноста на црквата е целосно живописана со фрески кои се дар од драчевските семејства. Местото е често посетувано од жителите на Драчево. Помеѓу 25 и 26 март 2012 година, во црквата бил извршен грабеж, при што биле украдени околу 6.000 денари и била причинета помала матеројална штета.

Галерија

Наводи

Драчево Категорија:Драчево