Николај I — византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1345 до 1347 година или подоцна. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
За неговото дело е малку познато. Тој е изобразен на ѕидовите од црквата "Свети Никола Болнички" во Охрид, кои биле пишувни во текот на 1335-1345 година.
На познатиот државен собор одржан во Скопје на 16 април 1346 година, кога Стефан Душан бил крунисан со царска круна, примил благослов и од актуелниот охридски архиепископ Николај.
Наводи
Категорија:Византијци од 14 век Категорија:Архиепископи од 14 век Категорија:Охридски архиепископи