200px|thumb|right|Чаша бело вино

Вино (, во генетивниот падеж — vino) — алкохолен пијалак добиен со ферментација на грозјето, плод на растението лоза (односно Vitis vinifera). Во Европа, според законските регулативи, виното е производ добиен исклучиво со целосна или делумна алкохолна ферментација на свежо грозје, изгмечено или не, или на шира од грозјеСпоред Законот за вино на Република Македонија. Службен весник на РМ бр. 50. Трансформацијата на грозјето во вино се нарекува винификација. Науката за виното се нарекува енологија. Во некои други делови на светот, зборот вино може да се однесува и на алкохолен пијалак добиен од друг тип на овошје. Овие вина со едно име се нарекуваат овошни вина, или пак носат име според плодот кој се користел за нивно добивање (пример, јаболково вино или вино од малини).

Виното најчесто се прави од грозје, а терминот „вино“ генерално се однесува на виното од грозје кога се користи без никаква квалификација. И покрај тоа, виното може да се направи од различни овошни култури, вклучувајќи слива, цреша, калинка, боровинка, рибизла и бозел.

Различни сорти на грозје и соеви на квасец се главни фактори во различните стилови на вино. Овие разлики произлегуваат од сложените интеракции помеѓу биохемискиот развој на грозјето, реакциите вклучени во ферментацијата, растечката средина на грозјето (Тероар) и процесот на производство на вино. Многу земји донесуваат законски апелации наменети да ги дефинираат стиловите и квалитетите на виното. Тие обично го ограничуваат географското потекло и дозволените сорти на грозје, како и другите аспекти на производството на вино.

Виното се произведува илјадници години. Најраните докази за вино се од денешна Грузија (6000 п.н.е.), Персија (5000 п.н.е.), Италија и Ерменија (4000 п.н.е.). Виното од Новиот свет има одредена врска со алкохолните пијалаци направени од домородните народи на Америка, но главно е поврзано со подоцнежните шпански традиции во Нова Шпанија. Подоцна, како што виното од Стариот свет дополнително ги развивало лозарските техники, Европа опфаќала три од најголемите региони за производство на вино. Врз основа на статистичките податоци собрани од Меѓународната организација за вино во 2022 година, првите пет земји за производство на вино се: Италија, Франција, Шпанија, САД и Австралија.

Виното долго време играло важна улога во религијата. Црвеното вино било поврзано со крв од страна на старите Египќани, и го користеле и грчкиот култ на Дионис и Римјаните во нивните Баханалии; Јудаизмот исто така го вклучува во Кидуш, а христијанството во Евхаристијата. Египетската, грчката, римската и израелската винска култура сè уште се поврзани со овие антички корени. Слично на тоа, најголемите вински региони во Италија, Шпанија и Франција имаат наследство во врска со сакраменталното вино. Исто така, традициите на лозарството во југозападниот дел на Соединетите Американски Држави започнале во Нова Шпанија бидејќи католичките монаси за првпат произведувале вина во Ново Мексико и Калифорнија.

Историја

Најраните познати траги на вино се од Грузија (околу  6000 п.н.е.), Иран (Персија) (околу  5000 п.н.е.), Ерменија (околу  4100 п.н.е.) и Сицилија (околу  4000 п.н.е.). Виното стигнало до медитеранскиот басен во раното бронзено доба и било консумирано и славено од античките цивилизации како Стара Грција и Рим. Низ историјата, виното се конзумирало поради неговите опојни ефекти.

Најраните археолошки и археоботанички докази за вино од грозје и лозарство, кои датираат од 6000–5800 п.н.е. биле пронајдени на територијата на современа Грузија. И археолошките и генетските докази сугерираат дека најраното производство на вино надвор од Грузија било релативно подоцна, веројатно се случило на друго место во Јужен Кавказ (кој ги опфаќа Ерменија, Грузија и Азербејџан) или западноазискиот регион помеѓу Источна Турција и сСверен Иран. Најраната позната винарија од 4100 п.н.е. е винаријата Арени-1 во Ерменија.

Извештајот на археолозите од 2003 година укажува на можноста грозјето да се меша со ориз за да се добијат ферментирани пијалаци во античка Кина во раните години на седмиот милениум п.н.е. Грнчарските тегли од неолитското место Џиаху, Хенан, содржеле траги од винска киселина и други органски соединенија кои најчесто се наоѓаат во виното. Сепак, не може да се исклучат и други плодови домородни во регионот, како што е глогот. Ако овие пијалаци, кои се смета дека се претходници на виното од ориз, вклучувале грозје наместо друго овошје, тие би биле некој од неколкуте десетици автохтони диви видови во Кина, наместо Vitis vinifera, кој бил воведен 6000 години подоцна.

Во 2020 година, добро сочувана феникиска преса за вино стара 2.600 години била ископана во Тел ел-Бурак, јужно од Сидон во Либан, веројатно посветена на правење вино за трговија во нивните колонии. Ширењето на винската култура на запад најверојатно се должело на Феникијците, кои се ширеле нанадвор од базата на градови-држави долж брегот на Медитеранот, центриран околу денешен Либан (како и вклучувајќи мали делови од Израел/Палестина и крајбрежната Сирија); сепак, Нурагиската култура во Сардинија веќе имала обичај да се конзумира вино пред доаѓањето на Фенекијците. Вината од Библос се извезувале во Египет за време на Старото Кралство, а потоа низ Медитеранот. Доказите за ова вклучуваат два феникиски бродоломи од 750 п.н.е., пронајдени со нивните товари вино сè уште недопрени, кои ги открил Роберт Балард Како први големи трговци со вино (черем), се смета дека Фенекијците го заштитиле од оксидација со слој од маслиново масло, проследено со печат од борово дрво и смола, слично на рецина.

Најраните остатоци од Палата Ападана во Персеполис кои датираат од 515 п.н.е. вклучуваат резби на кои се прикажани војници од Ахеменидско Царство поданички нации кои му носат подароци на ахеменидскиот крал, меѓу нив и Ерменците носејќи го нивното познато вино.

Книжевните наводи за виното се изобилни кај Хомер (8 век п.н.е., но веројатно се однесуваат на претходни композиции), Алкман (VII век п.н.е.) и други. Во древниот Египет, шест од 36 амфори за вино биле пронајдени во гробницата на кралот Тутанкамон што го носи името „Kha'y“, кралски главен лозар. Пет од овие амфори биле назначени дека потекнуваат од личниот имот на кралот, а шестата е од имотот на кралската куќа Атон. Траги од вино се пронајдени и во Средна Азија Шјинџјианг во денешна Кина, кои датираат од вториот и првиот милениум пред нашата ера.

Првото познато спомнување на вина од грозје во Индија е од списите на Чанакја, главниот министер на царот Чандрагупта на Маурја, од крајот на 4 век п.н.е. Во своите списи, Чанакја ја осудува употребата на алкохол додека го прикажува честото уживање на царот и неговиот двор на стилот на вино познат како маду.

Старите Римјани засадувале лозја во близина на гарнизонските градови за да може виното да се произведува локално наместо да се испраќа на долги растојанија. Некои од овие области денес се светски познати по производство на вино. Римјаните откриле дека запалените сулфурни свеќи во празните садови за вино ги одржуваат свежи и ослободени од мирис на оцет. Во средновековна Европа, Римокатоличката црква го поддржувала виното затоа што свештенството го барало за мисата. Монасите во Франција правеле вино со години, стареејќи го во пештери. Еден стар англиски рецепт кој преживеал во различни форми до 19 век бара да се рафинира белото вино од бастардо — лошо или извалкано вино.

Подоцна, потомците на светотаинското вино биле рафинирани за повкусен вкус. Ова довело до современо лозарство во француското вино, италијанското вино, шпанското вино, а овие традиции на винско грозје беа внесени во виното од Новиот свет. На пример, грозјето од Мисијата било донесено од фрањевциски монаси во Ново Мексико во 1628 година, започнувајќи со винското наследство во Ново Мексико, ова грозје исто така било донесено во Калифорнија што ја започнало винската индустрија во Калифорнија. Благодарение на шпанската винска култура, овие два региона на крајот се развиуле во најстарите и најголемите производители на вино во Соединетите Американски Држави. Викиншките саги претходно спомниле фантастична земја исполнета со диво грозје и висококвалитетно вино наречена токму Винланд. Пред Шпанците да ги воспостават своите американски традиции за винско грозје во Калифорнија и Ново Мексико, и Франција и Британија неуспешно се обиделе да основаат винова лоза во Флорида и Вирџинија соодветно.

Во Источна Азија, првата современа винска индустрија била јапонското вино, развиена во 1874 година откако виновата лоза била вратена од Европа..

Во Стара Грција виното ја претставувало крвта на Дионис, истовремено било и напиток на бесмртноста. Во кинеските тајни здруженија, пак, виното (од ориз) се мешало со крв и при заклетвата се служело како причесно пиење, кое овозможувало да се доживее и старост од 199 години. А виното како симбол на сознание и просветеност го познаваат сите преданија, а посебно дионизиските митови.

Потекло на поимот

Зборот доаѓа од латинскиот поим vinum, „вино“ или „лоза“, добиени од праиндоевропското стебло *vin-o- (хетитски: wiyana; Ликиски: oino;. Старогрчки: οἶνος oinos; еолски: ϝοῖνοςwoinos). Најраните утврдени термини што се однесуваат на виното се микенскиот me-tu-wo ne-wo (μέθυος νέου), кое означува „месец на новото вино“ или „фестивал на новото вино“ и wo-no-wa-ti-si, што значи „винска градина“, напишани во натписите на линеарното писмо Б.

Некои научници ги забележале сличностите помеѓу зборовите за вино на картвелски јазик (на пр.грузиски ღვინო [ɣvinɔ]), Индоевропски јазици (на пример: руски вино [vino]) и семитски (*wayn), укажувајќи на можноста за заедничко потекло на зборот што означува „вино“ во овие јазични семејства. Некои научници тврдат дека грузискиот јазик бил потеклото на овој збор и дека влегол во индоевропските јазици преку семитскиот. Застапниците на овој став тврдат дека во картвелските јазици семантичката поврзаност на зборот „вино“ (ღვინო - ghvino, ღვინი - ghvini, ღვინალ - ghvinal) е проследена во глаголот „ghvivili“ (ღვივილი, да цвета, да предизвика, да врие, да ферментира) и коренот од „ghv“ (ღვ), кој е заеднички семантички корен за многу секојдневни картвелски зборови (на пр. „gaghvidzeba“, გაღვიძება- се разбудува, „ghvidzli“- ღვიძლი- црн дроб).

Вината од овошје како што се јаболките и јагодите,обично се именувани според овошјето од коешто се произведени во комбинација со зборот „вино“ (на пример: јаболково вино и крмусово вино) и се општо наречени овошно вино или кантри вино (да нема забуни со францускиот термин „vin de pays“). Покрај сортите на грозје кои традиционално се користат за производство на вино, повеќето овошја имаат природен недостиг или на високо количество на ферментирани шеќери, релативно ниска киселост, хранливи материи потребни да се развие или одржи ферментација, или комбинација од овие три одлики. Ова е веројатно една од главните причини зошто виното добиено од грозје било историски далеку пораспространето од другите видови и зошто одредени видови на овошно вино биле обично ограничени во регионите од каде што потекнувале овошјата или биле вовдени поради други причини. Други вина, како што се виното од јачмен (вид на јако вино) и саќето, се направени од материјали засновани на скроб и наликуваат повеќе на пиво отколку на вино, додека виното од ѓумбир е зајакнато со ракија. Во вториве случаи,терминот “вино” се однесува повеќе на сличностите во содржината на алкохолот отколку на процесот на производство.Комерцијалната употреба на англискиот збор „вино“ (и неговиот еквивалент на други јазици) е заштитена со закон во многу подрачја на судска власт.

Видови на грозје