Зосим II бил православен свештеник, поранешен сисанки митрополит и охридски архиепископ во период во 1695 до 1709 година на трипати.
Избран бил на 9 јули 1695 година, на местото на архиепископот Игнатиј III, а соборен на 8 јули, 1699 година. Вторпат го зазел престолот не подоцна од 1 мај или август 1707 година и бил соборен не подоцна од 28 мај 1708 година. Третпат се качил на престолот не подоцна од 11 јуни 1708 година. Се споменува како архиепископ и на 4 јуни 1709, но истата година бил соборен.
Наводи
Категорија:Архиепископи од 17 век Категорија:Архиепископи од 18 век Категорија:Православни епископи од 17 век Категорија:Православни епископи од 18 век Категорија:Охридски архиепископи