Бенџамин Едвард „Бен“ Стилер(роден 30 ноември, 1965 година) — американски комичар, глумец, сценарист, филмски режисер и продуцент. Тој е син на ветеранските комичари и глумци Џери Стилер и Ан Меара. Откако ја започна својата кариера со драма, Стилер напиша неколку лажни документарци и доби понуда за две од неговите шоуа, наречени Шоуто на Бен Стилер. Започна да глуми во филмови и своето режисерско деби го доби со филмот Реалноста гризе. За време на неговата кариера пишувал, глумел, режирал, и/или продицирал повеќе од педесет филмови вклучувајќи ги Тешки категории, Нешто во врска со Мери, Запознај ги родителите, Зулендер, Народна:Приказна за вистински аутсајдер, и Тропска грмотевица. Покрај тоа има неколку кратки појавувања во музички видеа, телевизиски шоуа и филмови заедно со Алекс Мерил. Стилер е член на комичното глумечко братство колоквијално познато како Frat Pack. Неговите филмови на пазарот во САД и Канада имаат бруто-заработувачка од над 2,1 милијарди долари, просечно 73 милиони долари по филм. За време на неговата кариера добил неколку награди и почести, вклучувајќи Еми награда, неколку Ем Ти Ви филмски награди и награди од „Избор на тинејџерите“.
Животопис Стилер е роден во Њујорк. Неговиот татко, Џери Стилер е Евреин, а неговата мајка Ан Меара е од ирско-католичко потекло. Меара премина во еврејството откако се омажи со Џери Стилер (иако фамилијата ги прославува и Ханука и Божиќ). Родителите на Стилер често го носеле на сетовите на нивните настапи, вклучувајќи го и настапот во Шоуто на Мајк Даглас кога имал шест години. Во едно интервју тој признал дека своето детство го смета за невообичаено: „На некој начин беше шоу-бизнис воспитување - многу патувања, останувања до доцна во ноќта, не е нешто што би го нарекле традиционално“. Неговата сестра Еми Стилер, имаше настапи во многу од неговите продукции, меѓу кои и Реалноста гризе, Народна: Вистинска приказна за аутсајдер и Зулендер. Покажа интерес за правење филмови и направи Super 8 со неговата сестра и пријателите. На 10-годишна возраст го имаше своето прво глумечко деби како гостин во телевизиската серија на неговата мајка Кејт Мекшејн. Кон крајот на 1970 година настапувал со глумечката екипа NYC's First All Children's Theater и глумел неколку улоги, како улогата на Паметниот Џек и Волшебното стебло грашок. За време на средното училиште инспириран од телевизиското шоу Втора Градска Телевизија, Стилер сфатил дека сака да глуми во кратки комедии. Тој го посетувал Катедралното училиште и матурирал во училиштето Калхун во Њујорк во 1983 година. Започнал да глуми во кабаре круговите, како воведна точка на кабаре сирената Жадин Вонг. Стилер тогаш се запишал на филмски студии при Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес. По девет месеци го напуштил училиштето за да се пресели назад во Њујорк. Тој се пробил во глумецството со часови по глума, учествал на аудиции, пробувајќи да најде застапник.
Глумечка кариера Почетоците на кариерата Стилер успеа да добие улога во Бродевејската повторната постановка за Куќата на Сините Листови од Џон Гуар, заедно со Џон Махони. Продукцијата доби четири Тони Награди. За време на својата кариера, Стилер продуцираше сатиричен лажен документарец,а главната улога ја играше неговиот пријател Махони. Неговите комедии беа толку добро прифатени од глумечката екипа и од тимот на претставата, што тој направи краткометражен филм од 10 минути наречен Измамникот на парите, пародија на филмот Бојата на Парите од Мартин Скорсес. Во пародијата тој го глумеше ликот на Том Круз, додека Махони ја играше улогата на Пол Њуман, но овојпат како куглачки измамник наместо екперт за билјард. Сабота навечер во живо, кој се појави во 1987 година го забележа краткометражниот филм и две години подоцна му понуди работа како сценарист. Во меѓувреме, тој имаше мал дел во филмот на Стивен Спилберг Империјата на Сонцето. Во 1989 година, Стилер напиша и се појави како истакнат изведувач во една сезона од Сабота невечер во живо. Секако, бидејќи шоуто повеќе не сакаше тој да прави краткометражни филмови за нив, Стилер замина по пет шоуа. Потоа ги состави Приказните за Елвис, краток филм за лажниот таблоид фокусиран на неодамнешните забележувања на Елвис Присли. Во филмот настапија неговите пријатели и партнери Џон Кјусак, Џереми Пив, Мајк Маерс, Енди Дик и Џеф Кан. Филмот се сметаше за успешен и го доведе до издавање на друг филм наречен Назад во Бруклин за Ем Ти Ви.
Шоуто на Бен Стилер Ем Ти Ви беа толку импресионирани од Назад во Бруклин, што му понудија шоу од тринаесет епизоди во „vid-com“-формат. Серијата наречена Шоуто на Бен Стилер, претставуваше мешавина од кратки комедии со музички видеа и пародии на различни телевизиски шоуа, музички ѕвезди и филмови. Стилер глумеше заедно со главниот сценарист Џеф Кан, Хари Рејли, неговите родители, кои се појавуваа повремено, како и неговата сестра Ан Меара. Иако шоуто се откажа по завршувањето на првата сезона, се појави друго шоу, со истото име на Фокс мрежата во 1992 година. Шоуто на Бен Стилер емитуваше 12 епизоди на Фокс, додека 13-та подоцна ја емитуваше Comedy Central. Помеѓу главните сценаристи на Шоуто на Бен Стилер беа: Стилер и Џад Апато, со целосната глумечка екипа на Стилер: Жан Гарофал, Енди Дик и Боб Оденкирк. Денис Ричардс и Жан Триплхорн се појавија како додатни глуми во различни епизоди. За време на своето кратко траење Шоуто на Бен Стилер постојано беше последно на ранг листите и иако добиваше критички аплаузи по откажувањето, на крајот откако се откажа доби Еми награда за:„Извонредно лично достигнување за пишување во Вариете или Музичка Програма“.
Режисерско деби По неколку мали улоги во почетокот на 90-те, како што беа: Стела, Пат до Пеколот и краткото појавување во Лудата куќа, Стилер го посвети своето време на пишување, покачување на фондовите, придобивање на членови за глумечка екипа, главни улоги, и режирањето на филмот Реалноста гризе. Филмот го продуцираше Дени де Вито-(кој подоцна го режираше филмот на Стилер-Дуплекс од 2003 година и го продуцираше филмот од 2004 година И тогаш дојде Поли. Реалноста гризе дебитираше како филм со највисока бруто-заработувачка во негопвата прва недела и доби разновидни критики. Стилер им се придружи на родителите во филмот Тешки категории, во кој играше две улоги и потоа доби кратка некредитирана улога во фимот на Адам Сендлер:Happy Gilmore. Пред да се соочи со своите режисерски напори во филмот Момчето од Кабловската, со Џим Кери во главната улога, Стилер играше главна улога во филмовите Ако Луси падне и Флертувајќи со Катастрофа. Се појави уште еднаш во својот филм глумејќи близнаци. Филмот доби различни критики, но го забележаа поради највискоката плата по глумец. Џим Кери заработи 20 милиони долари за неговото учество во филмот, кој беше поврзан со идните членови на Frat Pack:Џек Блек и Овен Вилсон. Во 1996 година, Ем Ти Ви го покани Стилер да биде водител на Mодните награди на VH1. Заедно со SNL писателот Дрејк Сатер, Стилер разви пародија за наградите, во кој главен лик беше машкиот модел познат како Дерек Зулендер. Филмот беше толку добро прифатен што Стилер направи уште еден пародија за истиот лик за VH1 Модните награди во 1997 година и на крај ја претвори во филм. Кариера како комичар Во 1998 година Стилер ги трга настрана своите режисерски амбиции за да глуми во филмот Нешто во врска со Мери, заедно со Камерон Дијаз, што го забрза развојот на неговата глумечка кариера. Истата година глумеше во неколку драми, вклучувајќи ги Ефект Нула,Твиоте Пријатели и соседи и Постојана полноќ. Музичките Видео Награди му понудија на Стилер да земе учество во водењето на настанот и за таа цел направи пародија на Бекстрит бојс и изведе скеч заедно со негвиот татко, коментирајќи ја својата сегашна кариера. Во 1999 година, глумеше во три филма, меѓукои и Мистериозен човек, каде ја играше улогата на имитатор на супер-херојот наречен г.Бесен. Се врати за да режира нови сатирични телевизиски серии за Фокс, наречени Жешката визија и Џек, со Џек Блек во главната улога, но по неговата пробна епизода Фокс не го избра шоуто и сериите се откажаа. 2000 година беше подобра за Стилер, бидејќи глумеше во уште три филма, вклучувајќи и една од неговите најпризнаени улоги, машката сестра Грег Фокер во филмот Запознај ги родителите заедно со Роберт де Ниро. Филмот беше позитивно прифатен од критичарите и имаше бруто-заработувачка од над 330 милиони долари ширум светот. Во 2000 година Ем Ти Ви повторно го покани Стилер да направи уште еден краток филм и за таа цел покрај другите филмови, тој го направи и Чудна Мисија, пародија на улогата на Том Круз во Невозможна Мисија 2. Во 2001 година Стилер за VH1 Модните награди го режираше својот трет долгометражен филм Зулендер (Стилер во главната улога) и беше фокусиран на ликот Дерек Зулендер. Филмот се состоеше од неколку кратки појавувања на познати личностин меѓукои беа и: Доналд Трамп, Парис Хилтон, Лени Кравиц, Хајди Клум и Дејвид Боуви. Филмот доби забрана за прикажување во Малезија (поради сцените за обид за атентат врз премиерот на Малезија), додека Светскиот тргосвки центар дигитално ги отстрани и скри снимките за да може филмот да се издаде по 11-те терористички напади во септември. По соработката на Стилер со Овен Вилсон во Зулендер, тие повторно се здружија за Кралството Тененбаум. Во следните две години, Стилер продолжи со здодевниот филм Дуплекс и имаше неколку кратки појавувања во Портокаловата земја и Никој не знае ништо!. Гостуваше во неколку телевизиски шоуа, вклучувајќи ја и ретроспективата на епизода од телевизиската серија Кралот на Квинс, глумејќи го таткото на Артур ( Џери Стилер). Стилер се појави и како гостин на World Wrestling Entertainment’s WWW Raw. Во 2004 година настапи во шест различни комедии, а меѓунив се и оние со најголема бруто заработувачка: Старски и Хач, Завист, Народна:Приказна за вистиски аутсајдер, некредитираното појавување во Телевизиски водител: Легендата за Рон Бургунду, И тогаш дојде Поли и Запознај ги Фокерови. Додека Завист имаше бруто-заработувачка од само 14.5 милиони долари ширум светот, неговиот најуспешен филм е Запознај ги Фокерови, со бруто-заработувачка над 516.6 милиони долари ширум светот. Во 2005 година Стилер започна со својот прв обид за компјутерско-анимиран филм- Мадагаскар, кој беше толку добар, што имаше втор дел, кој се појави во 2008 година. Во 2006 година Стилер имаше кратки улоги во Училиште за никаквеци и Истрајниот Ди во одбирањето на судбината, за кој беше и извршен продуцент. Во декември, Стилер ја имаше главната улога во Ноќ во музејот. Иако не им беше фаворит на критиките, филмот заработи повеќе од 115 милиони долари за десет дена. Во 2007 година заедно со Малин Акерман глумеше во романтичната комедија Срцекршач.Филмот имаше преку 100 милиони долари заработка ширум светот, без разлика на негативните коментари. Тропска грмотевица, филм кој го режираше, напиша, продуцираше и глумеше со него заедно со Роберт Донеу, Џ. и Џек Блек го издаде на 13 август, 2008 година. Во мај 2009 година, ја имаше главната улога заедно со Ејми Адамс во продолжението на Ноќ во музејот 2:Битката на Смитсониан. Во 2010 година, Стилер имаше кратко појавување во лажниот документарец на Хоакин Феникс Сè уште сум тука и ја играше главната улога во комичната драма Гринберг. Стилер повторно ќе го глуми Гејлор „Грег“ Факер во Малите Фокерови, продолжение на фимот Запознај ги родителите. Исто така сакаше и да го позајми својот глас на лик од филмот Мега ум, но се откажа и остана само продуцент.
Претстојни проекти Во 2011 година ќе им се придружи на Еди Марфи и Алан Аида во Tower Heist, филм за група одржувачи кои планираат грабеж во претседателскиот облакодер. Снимањето започна во 2010 година. Заедно со Том Круз, Стилер е поврзан во комичната адаптација на филмот Издржливите момчиња, наречен Издржливите луѓе. Познато е дека ќе глуми заедно со Вил Арнет и Кетрин Хејгл во Buggs P.I., кој ќе започне со снимање во 2011 година.
Frat Pack