Френсис Алберт „Френк“ Синатра, 12 декември 1915 – 14 мај 1998 година бил американски пејач и глумец. Започнувајќи ја својата музичка кариера во „свинг ерата“ со Хери Џејмс и Томи Дорсеј, Синатра станал успешен соло артист од почетокот до средината на 1940 година, како идол на „боби соксерс“. Неговата професионална кариера подзапрела во 1950-та но, откако во 1954 година добил „Оскар за најдобра машка споредна улога“, неговата кариера му се преродила. Тој се смета за еден од најпопуларните забавувачи на 20 век.Синатра е меѓу најпродаваните музички изведувачи во светот, со околу 150 милиони продадени плочи на глобално ниво.

Потпишал со „Капитол Рекордс“ и издал неколку добри албуми(како што се: „Во тесните часови“ (In the Wee Small Hours), „Песни за занишаните љубовници“ (Songs for Swingin' Lovers), „Летај со мене“ (Come Fly with Me ), „Само осамените“ (Only the Lonely) и „Добро и полека“(Nice 'n' Easy).

Синатра го напушти „Капитол рекордс“ со цел да основа своја издавачка куќа, „Репрајс рекордс“ (постигнал успех со албумите како што се: „ Ринг а динг динг“ (Ring-A-Ding-Ding), „Синатра кај песоците“ (Sinatra at the Sands) и „Францис Алберт Синатра и Антонио Карлос Џобим“ (Francis Albert Sinatra & Antonio Carlos Jobim), имал меѓународни турнеи, бил основачки член на „Рет Пек“ и се спријателил со познати личности и претседатели, вклучувајќи го и Јон Ф. Кенеди. Синтра наполнил 50 години во 1965-та, ја снимил ретроспективната „Септември на моите години“ (September of My Years), ја добил наградата „Еми“ за специјалната емисија – „Френк Синатра: Човекот и неговата музика“, и постигнал хитови со „Странци во ноќта“ (Strangers in the Night) и „Мојот начин“ (My Way).Синатра се обидел да ги преброди променливите вкусови во популарната музика, но откако не била слушана многу неговата музика и со глумењето во неколку лоши филмови, се пензионирал во 1971 година. По враќањето од пензијата во 1973 година, тој снимил неколку албуми; постигнал Топ хит 40 со „Њујорк, Њујорк“ во 1980година, и направил турнеи како во САД така и меѓународно, неколку години пред неговата смрт во 1998година.

Синатра исто така направи кариера и како глумец аматер, добивајки „Оскар за најдобра споредна машка улога“ во неговата изведба во „Од овде до вечноста“, и беше номиниран за „Оскар за најдобар глумец“ за „Човекот со златната рака“. Тој исто така глуми и во мјузикли како што се „Високо општество“ (High Society), „Другарчето Џој“(Pal Joey,), „Момци и кукли“ (Guys and Dolls )and „Во градот“ (On the Town). Синатра беше почестен во „Кенеди центарот за почести“ во 1983-та и беше награден со „Највисоко цивилно мирновременско одликување“ од страна на Роналд Риган во 1985 година и со „Конгресниот златен медал“ во 1997година. Синатра исто така беше добитник на единаесет „Греми награди“, вклучувајќи ја „Греми награда за управител“, „Греми награда за легенда“ и „Греми награда за животно дело“.

Младост

Синатра е роден во Хобокен, Њу Џерси како единец на италијанските имигранти Натали Дела и Антонио Мартино Синатра. Го напушил средното училиште без диплома, присуствувал само 47 дена пред да биде избркан поради неговото хулиганско однесување. Мајка му, позната како Доли, била влијателна во соседството и во круговите на „Локалната демократската партија“, исто така спровела нелегален бизнис во нејзиниот дом, за овој прекршок била уапсена неколкупати и двапати била осудувана за истиот. Френк бил уапсен поради тоа што излегувал со постара жена, кривичен прекршок во тоа време. Татко му Тони работел во пожарната служба во Хобокен. Во време на тешките години во 1930-та кога Големата криза ја погодила Северна Америка, Доли сепак имала сочувано пари за Френк, единецот на фамилијата, за неговите излегувања со пријателите и за модерна облека. Тогаш Френк некое време работел како доставувач на весници во „Џерсеј Обсервер“ и како мајстор во бродоградилиштето „Тиетјан и Ланг“. Во почетокот на 1930-та Синатра почнал јавно да пее.

1935–40: Почеток на кариерата, соработката со Џејмс и Дорсеј Синатра почнал да пее професионално како тинејџер. Иако никогаш не научил да чита музика, учел преку слушање. Синатра прв обид за пеење имал во 1935 година, кога мајка му го наговорила да се приклучи во локалната група (Тројцата тепкачи). Групата заедно со Синатра станала позната како „Хобокен Фор“ и тие многу го импресионираа Едвард Боус. По појавувањето во шоуто на Боус, „ Аматерскиот час на Мајор Боус“, тие добија 40000 гласови и ја добија првата награда - шестмесечен договор за изведба на сцена и изведба во радио низ САД.

Синатра ја напушти групата „Хобокен Фор“ и се врати дома во 1935-та. Мајка му му обезебди работа како келнер-пејач и МЦ во „Рустик Кабин“ во Инглевуд Клифс, Њу Џерси, каде што му наплаќаа 15 долари неделно.

На 18 март 1939 година, Синатра направи демо снимка на една песна наречена "Нашата љубов", со Френк Мане бендот. Плочата беше со потпис "Френк Синатра". Водачот на групата безбедно го чуваше оригиналот речиси 60 години. Во јуни, Хари Џејмс го потпиша договор со Синатра за 75 долари неделно. Бендот на Џејмс беше тој, со којшто Синатра ја издаде својата прва комерцијална плоча "Од дното на моето срце"(From the Bottom of My Heart) во јули 1939 година - Американскиот „Бранзвик “ на 8443 место и Велика Британија, Колумбија ДБ 2150 место. Помалку од 8.000 примероци на „Од дното на моето срце” беа продадени, ја барале колекционери на плочи низ целиот свет, но плочата не можеше лесно да се најде. Синатра издаде десет комерцијални песни со Џејмс во 1939 година, вклучувајќи ја и "All or Nothing at All "(Сè или ништо), која имаше слаба продажба на почетокот, но потоа кога беше реиздадена во Колумбија, се продаваа милиони копии, и му ја зголеми популарноста на Синатра за само неколку години.

Во ноември 1939 година, на состанокот во „Палмер Хаус“ во Чикаго, водачот на бендот Томи Дорсеј побара од Синатра да му се приклучи на неговиот бенд како замена за Џек Леонард кој неодамна го напуштил со цел започне соло кариера. Оваа средба беше пресвртна точка во кариерата на Синатра, бидејќи со потпишувањето со бендот „Дорсеј“, еден од најжешките бендови во тоа време, тој стана попознат во американската јавност. Иако Синатра сè уште беше под договор со Џејмс, Џејмс ја препозна можноста што му ја нуди Дорсеј на Синатра и пристојно го раскина договорот со Синатра. Синатра призна дека му е голем должник на Џејмс и откако дозна за смртта на Џејмс во 1983 година, изјави: "Тој [Џејмс] е оној којшто направи сево ова да биде можно.“

На 26 јануари 1940 година, Синатра првпат јавно настапи со бендот „Дорсеј“ во театарот „Коронадо“ во Рокфорд, ИЛ. Во неговата прва година со Дорсеј, Синатра издаде повеќе од четириесет песни, а со "Никогаш нема да се насмевнам повторно” (I'll Never Smile Again) се наоѓа на врвот на топ листите, дванаесет недели, започнувајќи во средината на јули.

Односот на Синатра со Томи Дорсеј беше проблематичен, заради нивниот договор, со којшто Дорсеј добива ⅓ од доживотната добивка на Синатра во забавната индустрија. Во јануари 1942 година, Синатра ги сними своите први соло сесии без бендот Дорсеј (но со аранжерот на Дорсеј, Аксел Стордал и со одобрување од страна на Дорсеј). Овие сесии беа комерцијално издадени на етикетата славеј. Синатра ја напушти групата Дорсеј во 1942 година по инцидентот, кој настана со гласините за вмешаноста на Синатра со мафијата. Приказната се појави во весниците „Херст“ каде што беше објавено дека мафијашот Сем Џијанкана го принудувал Дорсеј за да го раскине договорот со Синатра за неколку илјади долари. Оваа приказна беше добро претставена во филмот „Кум.“ Според биографијата на Ненси Синатра, гласините во „Херст“ беа наведени, поради демократска политика на Френк. Всушност, договорот беше купен од страна на МЦА основач Џулс Штајн за 75 000 долари.

1940–50: Синатраманија и влошување на кариерата

Во мај 1941 година, Синатра беше на врвот на анкетите на пејачи во списанијата „Билборд“ и „Даунбит“. Неговото обраќање до „Боби соксерс“, кои беа наречени како тинејџерки од тоа време, открива нова публика за популарна музика, која беше снимена главно за возрасни во тоа време.

На 31 декември 1942 година, Синатра се претстави во театарот „Парамаунт“ во Њујорк

thumb|Кога го интервјуираат Синатра за американските сили на мрежата за време на Втората светска војна.

За време на штрајкот на музичарите од 1942-1944 година „Колумбија“ ја реиздаде верзијата на Хари Џејмс и Синатра "Сè или ништо" (музика на Артур Алтман и текст на Џек Лоренс), снимена во август 1939 година и која е издадена пред Синатра да стане познат. Оригиналната верзија, не го ни споменува името на вокалистот. Кога снимањето беше реиздадено во 1943 година со прикажување на името на Синатра, изведбата беше поставена во најдобро продаваната листа за 18 недели, и достигна до место број 2 на 2 јуни 1943 година.

Синатра потпиша со "Колумбија" на 1 јуни 1943 г. како соло артист, и тој имаше голем успех, особено за време на штрајкот на музичарите во 1942-1943 година. И покрај тоа што не биле издадени нови записи за време на штрајкот, тој изведуваше на радио (на Вашата хит парада) и на сцена. „Колумбија“ се обидуваше да добие нови снимки од нивната ѕвезда што е можно побрзо, и Синатра ги убеди да го вработат Алек Вајлдер како аранжер и диригент за неколку сесии со вокалната група наречена „Пејачи на Боби Такер“. Овие први сесии беа на 7 јуни, на 22 јуни, 5 август, и 10 ноември 1943 г. Од девет песни снимени за време на овие сесии, седум спаѓаат во најдобро продаваната список на песни.

Синатра не служеше во војската за време на Втората светска војна. На 11 декември 1943 година, тој беше класифициран како 4-F ("Регистрант неприфатлив во воена служба") поради дупнувањето на ушното тапанче од неговиот воен отсек. Покрај тоа, извештајот на ФБИ објавен во 1998 година за Синатра, покажа дека докторите, исто така, пишувале дека тој бил „невротичен“ и дека е „неприфатлив материјал од психијатриска гледна точка.“ Ова беше исфрлено од неговата плоча за да се избегне „непотребната непријатност и за одбраноста и за почетниот стаж“. Активно- службено лице, како Вилијам Манчестер, рече за Синатра, "Мислам дека Френк Синатра беше најомразениот човек во Втората светска војна, многу повеќе отколку Хитлер, "бидејќи Синатра беше дома и заработуваше пари и се прикажуваше на фотографии опкружен со убави жени. Неговото одложување од војка лошо ќе му влијае во неговиот живот кога тој ќе мора самиот да се брани.

Имаше обвинувања, вклучувајќи ги и некои од колумнистот Валтер Винчел, дека Синатра платил 40 000 долари за да ја избегне службата - но ФБИ не можеа да најдат докази за тоа.

Кога Синатра се врати во театарот „Парамаунт“ во октомври 1944 година, 35 000 обожаватели направија турканици надвор од објектот, бидејќи не им беше дозволено да влезат внатре.

Во 1945 година, Синатра глумеше заедно со Џин Кели во „Сидра Авеи“. Истата година, тој беше во РКО за да глуми во краток филм со наслов „Куќата во која што живеам“. Во режија на Мервин Лерој, овој филм Е заснован на толеранцијата и расната еднаквост, и се здоби со специјален „Оскар“ поделен помеѓу Синатра и оние што го придонеле филмот воопшто да биде сниман, заедно со посебен „Златен глобус“ за "Поттикнување на добра волја." Во 1946 година го издаде својот прв албум, „Гласот на Френк Синатра и деби на неделната радио емисија посветена за него. До крајот на 1948 година, Синатра чувствуваше дека неговата кариера се влошува, и тоа беше потврдено кога падна на број 4 на годишната анкета во „Даунбит“ од најпопуларните пејачи (по Били Екстини, Френки Лејн, и Бинг Крозби). Во 1949 година, повторно му порасна кариерата, кога Френк глуми заедно со Џин Кели во „Однеси ме на натпреварот.“ Тој критички беше добро прифатен и имаше голем комерцијален успех. Истата година, Синатра се здружи со Кели за третпат во филмот „Во градот“.

1950–60: Обновување на кариерата, Концепт албуми во Капитол