Свети Ѓорѓи — главна црква во селото Лавце, Тетовско.

Црквата е особено посетувана поради чудотворниот даб, кој има отвор и во кој луѓе од сите националности се протнуваат три пати за да решат некој проблем.

Местоположба

Црквата се наоѓа во источниот дел на селото. Сместена е над асфалтниот пат кој доаѓа до селото, а покрај нејзе води патека до Тетовското кале.

Историја

Според легендата црквата потекнува од средината на XIX век. Имено тука дошла некоја жена од Русија на која ѝ се сонило да направи црква. Таа сама ги редела камењата и направила објект што личел на црква. Одвај се влегувало, но поставила крст и му дала име на светецот. На тоа исто место, зачувувајќи ги старите ѕидови, лавчани изградиле нова црква, а до неа и трпезарија која со годините прераснува во конак каде што се собираат на селската слава Атанасовден и на празникот Ѓурѓовден. Црквата била цел на кражби и оштетувања.

Во 1946 година, кога селото било посетено од истражувачот Јован Трифуноски, во селото немало црква туку селаните имале изградено капела врз урнатините на старата црква.

Од март 2019 година започнале активности на уредување на надворешниот дел на црквата, обложувајќи ја со декоративен камен. Во активностите биле опфатени и црковниот двор, конакот и трпезаријата. Воедно, била доградена камбанарија над влезната врата од црквата.

Настани од 2001

За време на конфликтот од 2001 година црквата била подложна на воени дејствија. Биле забележани оштетувања на фасадата, скршени стакла на прозорците и оштетување на кровот. Во внатрешноста немало оштетувања.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Четврта тетовска парохија Лавце

Наводи

Надворешни врски

Оштетувања на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лавце - детален извештај

Лавце Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија