Шер (), родено име Шерил Саркизијан (Cheryl Sarkisian) — музички уметник, глумец, режисер и музички продуцент. Таа е општо позната по својот длабок вокал, а исто и како “Божицата на попот”. Шер ја започна својата кариера како помошен вокал, а подоцна ја доживеа својата слава како дел од поп-рок дуото “Sonny & Cher” со големиот успех на хитот "I God You Babe" во 1965 г. Таа подоцна се истакна како соло уметник и стана телевизиска ѕвезда во 1971 г. со шоуто “The Sonny and Cher Comedy Hour “ – вариетска претстава за која ja доби наградата “Златен Глобус”. За доброприфатената изведба во филмот “Silkwood” се здоби со номинација од “Academy Award” за Најдобра Глумица во 1984 г. Во подоцнежните години таа глумеше во неколку хит филмови како: “Mask”, “The Witches of Eastwick” и “Moonstruck” (за кој ја доби наградата “Academy Award” за најдобра глумица во 1988 г.)

Шер е единствената соло пејачка која успеа да влезе меѓу првите десет во последните четири декади. Нејзиниот хит "Believe" е нејзиниот најдобро продадениот запис, кој исто така беше прогласен за најдобро продаден сингл во 1999 г. и тоа во 10 милиони копии ширум светот. Таа е добитник и на награда за најдолга успешна кариера од 33 г., почнувајќи од 1965 г. кога го издаде нејзиниот прв сингл, па сè до нејзините последни хитови кои се најдоа на првото место на музичките листи во 1999 г. Турнејата "Farewell" во 2005 г. беше прогласена за најуспешна турнеја досега направена од соло пејачка. Во својата долга кариера од 45 г. таа има продадена околу 10 милиони записи ширум светот. После тригодишната пауза и одморот од турнејата, Шер се врати на сцената во 2008 г. со своето шоу “Cher at the Colosseum” во Лас Вегас.

Почетоци Шер е родена во Ел Сентро, Калифорнија на год. во 7:25мин. Нејзиниот татко Џон Пол Саркисан бил американски возач на камион. Нејзината мајка Џорџија Холт (е родена во Шарп Каутни, Аркансас на 9 јуни 1927 г.). Таа била успешна глумица и манекенка со англиско и француско потекло.: Sarkisian's profession;

: Sarkisian's nationality and personal problems, Crouch's profession;

: Sarkisian's nationality, Crouch's ancestry. Шер има и полусестра Георгана Ла Пјер која исто така е глумица. По разводот на нејзините родители за Шер привремено се грижела нејзината мајка која тогаш била во брак со банкарот Гилберт Ла Пјер кој подоцна ја посвоил Шер. Поради финансиски проблеми мајка и подоцна привремено ја однела во дом за деца без родители, но за кратко време успеала да обезбедила финансии за да и помогне во нејзината кариера. Како резултат на тешка Дислексија таа го напуштила средното училиште “Фресно” на 16 г. кога била во врска со глумецот Варен Бити.

Кариера Почетна кариера: 1962-1964 Во времето кога Сони Боно работеше за издавачкиот продуцент Фил Спектор во студиотo ”Gold Star” во Холивуд, ја запозна Шер и тие станаа неразделни пријатели, љубовници, а подоцна стапија и во брак. Со помош на Сони, Шер започна да пее во позадина во неколку класични композиции: “The Righteous Brothers”, “You’ve Lost That Loving Feeling”, “A Fine,Fine Boy”, “The Ctystals”, “Da Doo Ron Ron” и “Be My Baby” од The Ronettes. Нејзиниот прв сингл е "Ringo, I love You" кој е издаден под псевдонимот на Бони Џо Масон и продуциран од Фил Спектор. Нејзиниот втор обид е "Dream Baby", напишан и продуциран од Сони Боно е издаден во 1964 г. Првиот заеднички албум на Шер и Сони Боно е "Caesar and Cleo” и со него привлекоа мало внимание со синглот "The Letter" кој се појави на крајот од 1964 г.

Развој на кариерата: 1965-1969

Пред да бидат познати под името “Cher I Sonny Bono”, тие го издадоа албумот "Caesar and Cleo”, а подоцна во летото 1965 г. под името “Cher I Sonny Bono” тие го издадоа албумот “Look at us “. Од овој албум произлезе успешниот сингл "I Got You Babe" кој се искачи на првото место на листата Billboard Hot 100 во август 1965 г. кога Шер имаше 19 г. а Сони Боно имаше 30 г. Потоа следеа уште неколку просечни хитови "Just You," "But you’re mine", "What Noe My Love" и "Little Man", "The Beat Goes On". Последниот хит " The Beat Goes On " се најде меѓу првите десет на музичките листи. Тие заедно издадоа уште единаесет хитови кои се најдоа на листата “Billboard top 40” (во периодот од 1965 до 1972 г.), а шест од нив се најдоа меѓу првите десет на музичките листи.

Пеејќи ширум светот оваа двојка стана вистинска сензација. Шер се појави во шоуто на Ед Суливан во 1965 г. каде водителот Суливан поради печатна грешка ја најави Шер со погрешен акцент. Двојката подоцна се појави и во други телевизиски емисии како “American Bandstand”, “Top of the Pops”, “Hollywood A Go-Go”, “Podunk”, “Hollywood Palace”, “Hullabaloo”, “Beat Club,Ready Steady Go”! и “Shindig!!”. Подоцна Шер стана моден творец создавајќи го новиот тренд на панталони-ѕвонарки, “хипи стилот на облекување” и костимите пренатрупани со детали. Во 1965 г. Шер го издаде својот самостоен деби-албум “Аll I Really Want To Do” во продукција на Боб Дилан, кој се искачи на 15-то место на листата ”Billboard top 100”. Во 1966 г. Шер го издаде нејзиниот втор соло албум “The Sonny Side Of Cher” кој се искачи на 26-то место во САД и на 11-то во Велика Британија. Од овој албум се песните "Where Do You Do” (кој се најде на 25-то место на листата ”Billboard top 100”), како и "Bang Bang (My Baby Shot Me Down)", (кој се најде на 2-то место на ”Billboard top 100”). Овие два хитови се напишани и продуцирани од страна на Сони Боно. Во САД во 1960 г. "The Letter" беше најголем хит. Третиот соло албум насловен како ”Cher”, исто издаден во 1966 г. за разлика од претходните немаше голем успех, но сепак синглот "Sunny" успеа да се најде меѓу првите десет на европската музичка листа.

Сакајќи да профитира од почетниот успех, Сони Боно забрзано започна да ангажира почеток на филмски проект во кој ќе се појават заедно со Шер. Во 1967 г. синглот “Good Times” стана вистински хит. Следниот албум на Шер е ”Backstage”, но тој не доживеа успех и имаше многу ниска продажба,па затоа нивната кариера во 1968 г. беше во застој. Единственото заедничко дете на Шер и Сони Боно, Частити Боно е родена на 4 Март 1969 г. Истата година тие имаа уште еден неуспех во филмската индустрија со филмот “Chastity” напишан и продуциран од страна на Сони Боно.Тие разочарани од неуспехот, одат во Лас Вегас каде што ја придобиваат публиката со ново шеговито шоу.

Телевизиска и музичка слава: 1970-1975 Во 1970 г. Сони Боно и Шер го започнаа своето телевизиско шоу “The Sonny and Cher Nitty Gritty Hour”, комбинација од фарси,пародии и музика во живо кое постигна голем критчки успех и гледаност во споредба со многубројни други ТВ емисии. Тие со ова шоу го привлекоа вниманието на главниот уредник на телевизијата “CBS”, Фред Силвермен кој им понуди снимање на сопствена вариетска претстава. “The Sonny And Cher Comedy Hour “ започна да се емитува во летото 1971 и набргу стана огромен хит и брзо се најде меѓу првите десет на листата. Ова шоу доби 15 номинации за “Еми” награда за време на неговот емитување и една “Еми” награда за режирање. Меѓу многуте гости кои беа дел од ова шоу беа: Тина Тарнер, Чак Бери, Карол Бурнет, Џорџ Бурнс, Глен Камбел, Дик Кларк, Тони Куртис, Боби Дарин Филис Дилер, Мерв Грифин, Џери Ли Левис, Стив Мартин, Роналд Реган, Бурт Ринолдс, Лин Андерсон, Дина Шор, Сели Струтерс, Ракел Велч и др. Дуото повторно се врати на својата музичка кариера издавајќи уште четири нови албуми со “Kapp Records” и ”MCA Records”, во кои се најдоа уште два големи хитови "All I Ever Need Is You" во 1971 и "A Cowboy’s Work I s Never Done" во 1972.

На 25 г. Шер продолжи да се истакнува како соло пејачка со помош на продуцентот Снуф Гарет. А нејзиниот прв соло хит кој се најде на првото место беше "Gypsys, Tramps and Thieves”. Истоимениот албум е издаден во септември во 1971 г. и се најде на 16-то место на листата “Billboard”, каде остана последователно 45 недели. Друг хит од овој албум е "The Way Of Love" кој се најде на 7-то место во март 1970 г.

Вториот сингл на Шер кој се искачи на првото место беше "Half Breed" издаден во 1973 г. според кој беше насловен и самиот албум. Во 1974 г. Шер го издаде и третиот сингл број еден "Dark Lady" од истоимениот албум. Во третата сезона од шоуто бракот на Сони Боно и Шер полека се распаѓаше и тие се разделија кон крајот на годината. Исто така и нивното шоу “The Sonny And Cher Comedy Hour” почна да се распаѓа додека сè уште беше меѓу првите десет на листата “Tоп 10”. Конечниот развод беше на 27 Јуни 1975 г. Шер доби “Златен Глобус” за најдобра изведба како глумица во 1974 г.

Сони Боно започна свое сопствено шоу насловено како “The Sonny Comedy Revue” во 1974 г., а во исто време Шер исто така објави почеток на свое телевизиско шоу. Шоуто на Bono беше ненадајно откажано набргу по шест недели. Дуото подоцна повторно ќе се соедини во уште две сезони во нивното заедничко шоу. Во шоуто на Шер кое дебитираше како модерно светско ТВ шоу, се појавија Филип Вилсон, Бети Мидлер и Елтон Џон. Клорис Личмен и Џек Албертсон добија “Еми” награда за нивното учество во ова шоу, а самото шоу исто така доби четири номинации за “Еми” награда истата година. Други гости беа: Пат Боне, Давид Бови, Реј Чарлес, Дион, Пати Лабеле, Шерил Лед, Вини Њѕтон, Линда Ронстад, Лили Томлин и Франки Вали. Кон крајот на годината ова шоу се рангираше на 22-то место на музичката листа “Nielsen Reitings”.

Шоуто на Шер се емитуваше две сезони пред таа да одлучи да се соедини со својот бивш маж за обновување на шоуто “The Sonny and Cher Comedy Hour”. Три дена по разводот со Сони, на 30 Јуни 1975 г. Шер стапи во брак со рок-музичарот Грег Алман, член на бендот Allman Brothers Band. Во Јули 1976 г. тие добија син, Елијан. Тие заедно го издадоа својот заеднички албум “Two the Hard Way” во продукција на ”Allman and Women”, и тој дебитираше како наслов за истоимениот хит на Смуки Робинсон. Овој албум не постигна голем успех и по две години тие се разведоа.

Соло кариера и пропусти: 1976-1981 Во периодот помеѓу 1975 г. и 1978 г. Шер издаде уште три неуспешни албуми: “Stars”, “I’d Rather Believe in You” и “Cherished”. На 2 февруари шоуто “The Sonny and Cher “ дебитираше со висок рејтинг и високи очекувања, искачуваји се мегу првите десет на музичките листи. Некои од гостите кои беа дел од ова шоу се:Франки Авалон, Мухамед Али, Рејмонд Бур, Руд Бузиi, Чаро, Барбара Еден, Тери Гар, Боб Хопе, Дон Нотс, Џери Левис, Тони Орландо, Деби Рејлондс, браќата Смотерс, Тина Тарнерс, Твиги, and Бити Вајт. Но набрзо овој рејтинг отпадна и шоуто беше прекинато после втората сезона. Во 1976 г.компанијата “Мега Тојс” издаде линија на играчки и кукли со ликовите на Шер и Сони Боно. Популарноста на овие кукли се совпадна со времето кога се емитуваше шоуто.

Шер ги отпочна и телевизиските спектакли: Cher... Special, во 1978 (каде како специјален гостин гостуваше Доли Партон и за ова гостување доби номинација за Еми Награда), и Cher... and Other Fantasies во 1979 г. Во 1979 г. Шер легално го промени своето име во Шер без презиме и средно име. Сони и Шер се појавија последен пат заедно во шоуто ”Miki Daglas” во пролетта 1979год, исполнувајќи комбинација од "United We Stand" и "Without You".