Викиликс е меѓународна непрофитна организација која издава преданија на приватни, тајни и доверливи медиуми од анонимни извори на известување и пропусти на вестите. Нејзиното мрежно место пуштена во 2006 година и раководена од страна на Саншајн Прес создаде база на податоци од повеќе од 1,2 милиони документи за една година од пуштањето во употреба. Организацијата ги опишува своите создавачи како мешавина од кинески опозиционери, новинари, математичари и технолози од компании во развој од Соединетите Американски Држави, Тајван, Европа, Австралија и Јужна Африка. Џулијан Асанж, австралиски интернет активист е главно опишан како нејзин директор. Викиликс беше првично пуштена како страна со уредувања од корисниците, но понатаму продолжи напредувачки како модел на потрадиционално објавување, и повеќе не прифаќаше ниту коментари од корисниците, ниту пак уредувања.
Во април 2010 година, Викиликс објави видео од инцидент во 2007. година во кој беа убиени ирачки граѓани и новинари од страна на американски воени сили на мрежната страница наречена Второстепено убиство. Во јули истата година Викиликс го објави дневникот за војната во Авганистан, компилација од повеќе од 76.900 документи за војната во Авганистан кои претходно не биле достапни за јавноста. Во октомври 2010. групацијата објави пакет од скоро 400.000 документи наречени ирачки воени дневници во согласност со поголемите главни медиумски организации. Во ноември 2010. година Викиликс започна со објавување на дипломатските врски на Стејт Департментот на САД.
Викиликс прими пофалби но исто така и критики. Организацијата доби бројни награди, вклчувајки ја новата медиумска награда во 2008. година „Економист„ и „Амнести„ меѓународна медиумска награда во Велика Британија во 2009. година. Во 2010. година дневните вести на Њујорк ја посочија Викиликс како страна која може „целосно да ги промени вестите, а Џулијан Асанж беше именуван за лице на годината од страна на читателите на Тајмс во 2010. година. Поддржувачите на Викиликс во медиумите ја пофалија организацијата за разоткривањето на државните тајни и тајните на соработка, зголемувањето на транспарентноста, поддршката во слободата на новинарството и засилувањето на демократскиот јавен говор, при тоа предизвикувајки ги моќните институции.
Во исто време, одредени владини лица ја критикуваа Викиликс поради разоткривањето на доверливи информации, загрозувањето на националната безбедност и изложувањето на ризик на меѓународната дипломатија. Некои организации за човекови права ја критикуваа Викиликс за несоодветно прозивање на имињата на цивилните лица кои работат со меѓународните сили. Некои новинари исто така го критикуваа забележителниот недостаток на издавачка дискреција при ослободувањето на илјадници документи наеднаш без доволна анализа. Во негативните јавни реакции во САД луѓето ја окарактеризираа организацијата како неодговорна, неморална и нелегална.
Историја
Основање Името на областа Викиликс. орг беше регистрирано на 4 октомври 2006 година. Мрежно место беше откриена, и го издаде својот прв документ во декември 2006 година. На страната се вели дека е „основана од Кинески опозоционери, новинари, математичари и технолози од компании во развој, од САД , Тајван, Европа, Австралија и Јужна Африка. Создавачите на Викиликс не беа идентификувани формално. Тие беа претставени во јавноста во јануари 2007 година. Џулијан Асанж се опиша себеси како член на одборот на советници на Викиликс. Извештаите во Аустралианго нарекоа Асанж „основачот на Викиликс„. Според списанието „Вајрд„ доброволец рекол дека Асанж во неофицијален разговор се опишува себеси како „срцето и душата на организацијата, нејзиниот основач, филозоф, гласноговорник, оригинален основач, организатор, финансиер и се останато. Од јуни 2009 година страната има регистрирано преку 1 200 доброволци и го прикажа одборот на советници кој го содржеше Асанж и осум други луѓе. Еден од таквите членови на одборот на советници, Таши Намгиал Камситсанг, рече дека додека добивал мејлови од Викиликс тој никогаш не се согласил да биде советник. Филип Адамс, друг член на одборот, рече дека тој никогаш не го сретнал Асанж ниту пак некогаш бил прашан за совет и упатуваше на тоа дека одборот бил само „за замачкување на очите„. Од декември 2010 година одборот воопшто не се спомнува на мрежната страница на Викиликс.
Цел
Викиликс изјави дека нивниот главен интерес е разоткривањето на угнетувачките режими во Азија, поранешниот Совестски блок, Африканските земји под Сахара и Средниот Исток, но исто така се очекува да бидат од помош на луѓето од сите региони кои сакаат да разоткријат неетичко однесување во нивните влади и здруженија. Во јануари 2007 година Мрежната страница објави преку 1,2 милиони пробиени документи кои се подготвуваа да бидат објавени. Еден напис во „Њујоркер„ вели: Еден од активистите на Викиликс поседувал опслужувач кој бил употребуван како алка за Тор Нетворк. Милиони тајни преноси поминувале низ него. Активистот забележал дека хакери од Кина ја употребуваат мрежата за да соберат информации за странските влади и почнал да го снима овој сообраќај. Само мал дел бил објавен на Викиликс, но почетната транжа послужила за основање на страната или како што Асанж знаел да каже:„ние имаме примено преку милион документи од тринаесет земји„. Асанж одговори на прашањето дека надгледувањето на Кинеските хакери одиграло главна улога во првите денови на Викиликс велејќи:препишувањето е неточно. Таквите факти се потпираат на тоа дека во истрагата од 2006 година околу Кинеската шпионажа беше вмешан и еден од нашите контакти. Некаде околу грст или пак ни толку од тие документи беа објавени на Викиликс. Невладините цели на кинеска шпионажа, како на пример Тибетските организации беа информирани (од наша страна). Групата постепено ослободи други бројни значајни документи кои станаа нови точки на дневен ред на вестите на насловната страна, рангирајки се од документацијата за трошоци за опрема и поседување на војната во Авганистан до корупцијата во Кенија. Главната цел на организацијата е да се осигура дека дојавувачите и новинарите нема да бидат затворени поради испраќање на осетливи и доверливи документи, како што се случи со Кинескиот новинар Ши Тао кој беше осуден на 10 години во 2005 година заради издавање на и-мејл од Кинеските власти во врска со годишнината од масакрот на плоштадот Тиананмен. Проектот донесе споредба со разоткриените документи за Пентагон на Даниел Елсберг во 1971 година. Во САД разоткривањето на некои документи може да биде законски заштитено. Американскиот Уставен Суд изгласа дека Уставот гарантира анонимност, барем во областа на политичката сфера. Авторот и новинар Витли Стрибер зборуваше за придобивките од проектот Викиликс, велеќи дека „ разоткривањето на владин документ може да значи затвор,но затворските казни можат да бидат прилично кратки„. Меѓутоа постојат многу места каде би можело да значат долго затворање , па дури и смрт како во Кина, делови од Африка и Средниот Исток.
Финансирање
На 24 декември 2009 година Викиликс најави скратување на трошоците, и го стопираше целосно пристапот до страната освен опцијата за поднесување на нов материјал. Претходно објавуваниот материјал повеќе не беше достапен, иако одреден дел можеше да се види преку неофицијални прозорци. Викиликс објави на своето мрежно место дека целосно ќе продолжи со работа откако ќе бидат покриени оперативните трошоци. Викиликс гледаше на ова како еден вид на удар „за да се осигура дека секој којшто е вмешан ќе престане со нормалното работење и ќе почне со собирањето на приходи„. Организацијата првично планираше да се соберат средства до 6 јануари 2010 година, но не ги собра дури до 3 февруари 2010 година кога Викиликс објави дека целта за собирање на минимални средства е постигната. На 22 јануари 2010 година,ПејПал ги сопре сите донации на сметката на Викиликс и ги замрзна своите имоти. Викиликс рече дека ова се случувало и порано, и тоа без некоја посебна причина. Сметката беше обновена на 25 јануари 2010 година. На 18 мај 2010 година, Викиликс објавија дека го повратиле своето мрежно место и архивата. Така да од јуни 2010 година, Викиликс беше финалист за доделување на повеќе од половина милон долари од фондацијата на Џон С. и Џејмс Л. но не успеаја да победат. Викиликс коментирше преку Твитер„ Викиликс беше највисоко рангираниот проект на Најт предизвикот, силно препорачан на одборот но не доби финансирање. Е ајде сфатете го тоа. . „Викиликс објави дека фондацијата „Најт„ ја доделиле наградата на „12-те доделувачи кои би влијаеле на иднината на вестите, а не на Викиликс„ и запрашаа дали фондацијата „Најт„ бараат впечаток. Гласноговорникот на фондацијата „Најт„ оспори делови од изјавата на Викиликс велејќи дека Викиликс не биле препорачани од одборот на вработени на „Најт„. Меѓутоа тој одби да каже дали проектот на Викиликс бил највисоко рангиран на советничката табела на „Најт„ која се состои од луѓе кои не се во персоналот, меѓу кои и новинарот Џенифер 8, Ли кој претходно работел за Викиликс со новинарите и со страните на социјалните мрежи.
Оперативни предизвици
На 17 јули Џејкоб Апелбаум зборуваше во името на Викиликс на конференцијата одржана во Њујорк во 2010 година наречена Хакерите на планетата Земја, како замена за Асанж поради присуството на федерални агенти на конференцијата. Тој објави дека системот за поставки на Викиликс е повторно пуштен, откако бил привремено запрен. На изненадување Асанж беше говорник на ТЕД конференцијата во Оксфорд, и потврди дека страната почна повторно да прифаќа измени. По враќањето во САД од Холандија, на 29 јули, Апелбаум беше задржан три часа на аеродромот од страна на Американски агенти, според анонимни извори. Изворите и кажале на Си нет дека му била претресувана торбата на Апелбаум, сметкопотврдите од неговата торба биле фотокопирани, неговиот лап топ бил пребаруван, иако недоверливо во секој случај. Апелбаум гласно одбил да зборува без присуство на адвокат, и не му било дозволено да оствари телефонски повик. Неговите три телефони му биле веднаш одземени и не му биле вратени. На 31 јули тој зборуваше на Дефкон конференцијата и спомна дека неговиот телефон бил замрзнат. По говорот, му пријдоа двајца ФБИ агенти и го испрашуваа. Асанж призна дека практикувањето на поставување на доверливи информации на интернет може да доведе еден ден мрежната страница да има „крв на своите раце„Тој ја произнесе можноста дека потенцијалот да спаси животи, сепак, ја пренесува опасноста на невините„. Понатаму Викиликс ги отслика независните истражувања кои не успеале да најдат докази во кои се повредени цивили како последица на активностите на Викиликс. Во 2010 година скоро дузина од клучните поддржувачи на Викиликс ја напуштија страната, најзабележително, Даниел Домшеит-Берт кој го напушти формирањето на Оупенликс. ком новата разоткривачка организација и мрежно место со различен менаџмент и дистрибуирачка филозофија.
Администрација
Според интервјуто во јануари 2010 година, тогашниот тим на Викиликс се состоел од пет вработени со постојано работно време и од околу 800 привремени работници, од кои ниту еден не бил плаќан. Викиликс нема официјално седиште. Годинешните трошоци изнесуваат околу 200 000 евра, главно за опслужувачи и бирократија, но достигнувале и до 600 000 евра доколку моменталната работа од доброволците била наплатена. Викиликс не плаќа за адвокати, поради стотиците илјади долари за законодавна поддршка донирани од медиумски организации како што се Друштвото на новинари, Лос Анџелес Тајмс и Здружението на националните издавачи на весници.