Вилијам Макинли (, – ) — 25-ти претседател на Соединетите Американски Држави и последниот ветеран на Американската граѓанска војна кој бил избран за мандат.

До 1880 година Макинли бил национален лидер на републиканците. Како кандидат на републиканците на Претседателските избори во 1896 година против демократот Вилијам Џенингс Брајан ги поддржувал златните стандарди и го промовирал плурализмот меѓу етничките групи. Неговата кампања која била направена од Марк Хана, усвоила нов маркетиншки стил на техники што ги ревулуционизирала практиките во кампањата и ја победила кампањата на неговиот соперник Вилијам Џенингс Брајан Изборите во 1896 година често се сметани за избори на преуредување што го обележале почетокот на прогресивниот период.

Макинли претседавал за повраток на просперитетот по паниката во 1893 година и ја направил златната основа на парата. Тој демантирал дека Шпанија завршила со нејзините ѕверства во Куба, Шпанија ја издржала интерференцијата и Шпанско–американската војна станала неизбежна во 1898. Војната била брза и едноставна, како што неделно шпанските флоти биле потопувани, Куба и Филипините биле окупирани за 90 дена.

На мировната конференција Макинли се согласил да ги купи поранешните шпански колонии на Порторико, Гуам и Филипините и да постави протекторат на Куба. Иако поддршката за самата војна била широко распространета, демократите и антиимпериалистите жестоко се спротивставиле на припојувањето на Филипините, плашејќи се од загуба на републиканските вредности. Макинли исто така ја припоил и независната република на Хаваите во 1898 година и сите нејзини жители станале американски граѓани. Макинли бил повторно избран во 1900 година на претседателските избори, уште една интензивна кампања против Брајан што била фокусирана на надворешната политика и на враќањето на просперитетот. Макинли бил убиен од анархист во 1901 година и наследен од неговиот потпретседателот Теодор Рузвелт.

Потекло

Кланот Макинли пристигнал во Пенсилванија во 1740 како дел од големата миграција на Шкотланѓаните и Ирците. Чукун чукун дедото на Макинли Дејвид Макинли, ветеран на Американската револуција, се населил во Охајо.

Вилијам Макинли бил роден во Најлс, Охајо на 29 јануари 1843 година, како седмо од деветте деца. Неговите родители Вилијам (15.11.1807 – 24.11.1892) и Ненси (22.04.1809 – 12.12.1897) Макинли биле од шкотско-ирско и англиско потекло. Кога Макинли имал 10 години се преселил во Поланд, Охајо. Таму го завршил средното образование и се запишал на колеџот Моунт Јунион каде што бил член на сигма алфа епсилон братството, а во 1860 година се запишал еден семестар на колеџот Алегени. Иако неговото здравје се опоравило, семејните финансии се намалиле, а Мекинли не можел да се врати во Алегени. Почнал да работи како поштенски службеник, а подоцна се вработил како предавач во училиште во близина на Поланд, Охајо.

На почетокот на Американската граѓанска војна се пријавил во армијата на Унијата во јуни 1861 година како доброволец во 23-тата Пешадија на Охио. Тие биле испратени во западна Вирџинија каде што поминале една година борејќи се со единиците на Конфедералистите. Еден од неговите претпоставени бил генералот и идниот американски претседател Радерфорд Б. Хејс, кој го унапредил Макинли во наредник поради покажаната храброст во битките. Во крвавата битка кај Ентитам, тој под непријателски оган доставил муниција и бил унапреден во поручник. Ова се повторило неколкупати и Макинли во септември 1865 година по завршувањето на војната излегол со чинот мајор. Во 1869 година, година кога влегол во политиката, Макинли ја запознал и почнал да и се додворува на неговата идна сопруга Ида Сакстон, за две години подоцна да се ожени со неа на нејзина 23 годишна возраст, а тој имал 28 години. Во првите три години од нивниот брак тие добиле две ќерки, Кетрин и Ида, но ниедно дете не ја преживеало петтата година.

Правна и рано-политичка кариера

Макинли го посетувал правното училиште во Албани, Њујорк и бил примен во комората во 1867 година. Тој бил на пракса во Кантон и работел како обвинител во Старк Кантри од 1869 година до 1871 година. Наскоро тој формирал партнерство со Џорџ В. Белден, искусен адвокат и поранешен судија.

Во јуни 1876 година 33 рудари, вработени кај Марк Хана, штрајкувале и биле затворени поради нередите, кога Хана ги донел штрајкбрехерите да ја завршат работата. Макинли ги бранел рударите на суд и ги ослободил сите освен еден. Кога рударите дошле кај Макинли да ги платат правните трошоци тој одбил да им ги земе парите, кои тие едвај ги собрале. Најпрво тој бил активен член во Републиканската партија, кога водел кампања за неговиот поранешен претпоставен, Радерфорд Б. Хејс, кој бил избран за гувернер на Охио во трката која привлекла национално внимание.

Претставнички дом на САД

Со помош на Хeјс, Макинли бил избран како републиканец во Претставничкиот Дом на САД во Охајо и служел од 1877 до 1882 година и од 1885 до 1891 година. Во последните неколку дена од 48-от Конгрес бил симнат од Џонатан Валс, демократ кој успешно се борел на изборите. Макинли бил повторно избран во Претставничкиот Дом и служел од 4 март 1885 година до 4 март 1891 година. Тој бил претседавач на моќниот Комитет на начини и средства од 1889 година до 1891 година. Во 1890 година тој ја направил Макинлиевата царина, со што ја кренал стапката највисоко во историјата. Политичката реакција ги уништила ГОП во лошата година на демократската победа во 1890 година. Тој го изгубил своето место за тесна маргина од 300 гласови, делумно поради непопуларната царинска сметка, а делумно поради фалсификување на избори.

Гувернер на Охајо

По напуштањето на Конгресот, Макинли го добил мандатот за гувернер на Охајо во 1891 година, победувајки го демократот Џејмс Кембел и бил повторно избран во 1891 година кога издвоил победа над Лоренс Нил. Макинли победил на изборите во 1891 година со околу 20.000 гласови.Тој имал неуспешна претседатеска надеж во 1892 година но водел кампања за повторен избор на претседателот Бенџамин Харисон. Како гувернер вовел данок на промет на корпорации, обезбедувајќи сигурно законодавство за работниците во превозот и ги ограничил антиунијските практики на вработените.

Во 1895 година заедница од неколку осиромашени рудари од долината Хокинг му пратиле телеграма на гувернерот Макинли да го известат за нивната беда, пишувајќи „Потребно е итно даночно ослободување“. Во рок од пет часа Макинли платил од свој џеб за железнички вагон полн со храна и други намирници да бидат испратени на рударите. Потоа тој продолжил да контактира со стопанската комора во секој поголем град од државата, давајќи им за задача да ја истражат бројката на граѓани кои живеат под нивото на сиромаштија. Кога се вратиле извештаите откриле голем број на изгладнети граѓани на Охајо, затоа гувернерот одржал хуманитарно возење и собрал доволно пари да ги нахрани, облече и обезбеди повеќе од 10 000 луѓе.

Изборите во 1896 година

Гувернерот Макинли го напуштил местото во раната 1896 година, по препорака од неговиот пријател Маркус Хана, и започнал активна кампања за претседателската кандидатура на Републиканската партија. По лесната победа во 1894 година на избори на Конгресот, републиканските перспективи изгледале одлично при почетокот на 1896 година.

Демократската партија била поделена околу прашањето за среброто и многу гласачи ја обвинувале економската јад на нацијата на функционерот Гровер Кливланд. Добро познатата специјалност на Макинли околу прашањето за царинската такса, успешното досие како гувернер и срдечната личност им се допаднале на многу републикански гласачи. Неговиот најголем противник на изборите, говорителот во Домот, Томас Рид, се здобил со многу непријатели во партијата околу неговата политичка кариера и неговите поддржувачи не можеле да се борат против организацијата на Хана. По победата на кандидатурата тој се вратил дома и ја предводел неговата позната „предворска кампања“ обраќајќи им се на илјадници гласачи, вклучувајќи ги организациите од патувачки трговци па сè до велосипедиските клубови. Многу од гласачите воделе кампања за Макинли откако се вратил дома. Хана, богат индустриец, ја предводел кампањата на Макинли.

Негов противник бил Вилијам Џенингс Брајан, кој се кандидирал на едно прашање за „слободно сребро“ и монетарна политика. Макинли бил против среброто затоа што била девалвирачка валута и надгледувал пазари кои користеле злато, така што ќе и наштеле на надворешната размена. Макинли ветил дека ќе ги унапреди индустријата и банкарството и гарантирал просперитет за секоја група на плуралистичката нација. Демократски цртан филм го исмеал ветувањето, кажувајќи дека ќе го потоне бродот. На тоа Макинли одговорил дека заштитната царинска такса ќе донесе просперитет на сите групи, градови и држави, додека слободното сребро на Брајан ќе создада инфлација, а не нови работни места, ќе ги банкротира железниците и дека трајно ќе ја оштети економијата.

Макинли успеал да придобие гласови од урбаните области и етничко работничките групи. Менаџерот на кампањата Хана собрал три и пол милиони долари од големите бизниси и усвоил новосоздадени маркетиншки техники за да ја рашири пораката на Макинли.

Иако Брајан водел во август, противкампањата на Макинли го ставила на одбранбено голема парада во секој поголем град, неколку дена пред изборите, ги намалила обвинувањата на Брајан дека работниците биле принудени да гласаат за Макинли.

Тој го победил Брајан со голема разлика. Неговиот изглед на сите класи обележал прегрупирање на американската политика. Неговиот успех во индустриските градови им дал контрола на Републиканската партија врз северот во споредба со тој на демократите на југот.

Претседателство (1897-1901) Внатрешна политика

Инаугурацијата на Макинли од 4 март 1897 година го одбележала почетокот на најголемото движење на соединување, што американскиот бизнис го имал видено. Таквото соединување на бизниси (во тоа време наречени труст) било кулминација на еден далечен тренд во времето кога Макинли дошол на власт. Администрацијата не го употребувала активно актот на Шерман кој станал државен секретар, како што ќе го употреби Теодор Рузвелт, и тогаш на фондовите им било дозволено да растат. Макинли го потврдил своето звање како „напреден агент на просперитетот“ кога 1897 година донела закрепнување на бизнисот, земјоделството и општиот просперитет. Ова било поради крајот на Паниката од 1893 година што била предизвикана поради дефлација која датира од Граѓанската војна, и преконзумираноста. Крајот на периодот на дефлација бил поради златниот стандарден акт од 1900 година, што ја одредил вредноста на доларот така што ги ублажил некои монетарни грижи кои ги мачеле САД од 1870 година. Овој бран на просперитет потпомогнат од победата на САД во шпанско-американската војна, ќе продолжи во 20 век сè до Паниката од 1907 година, и ќе го осигура повторниот мандат на Макинли во 1900 година.

На 16 јуни 1897 година бил потпишан договор за присоединување на Република на Хаваите кон САД. Владата на Хаваите брзо го ратификувала договорот, но недостасувале потребните две третини од гласовите во Сенатот на САД. Решението било да се припои Хаваи со заедничка резолуција. Резолуцијата обезбедена со преземањето на САД на долгот на Хаваи од над четири милиони долари. Кинескиот акт за исклучување (1882 година) бил продолжен до островите, и кинеската имиграција од Хаваите до копното била забранета. Заедничката одлука се усвоила на 6 јули 1898 година, мнозинството на демократи и неколку републиканци меќу кои Спикер Рид, наспроти Шелби Кулом, Џон Морган, Роберт Хит, Сенфорт Дојл и Волтер Фриар, направиле комесари со нивните надлежности, подготвиле територијална форма на владата што станала закон на 30 април 1900 година