Ефтимиос Каудис (; Ef̱thýmios Kaoúdi̱s) — андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис

Каудис е роден во 1866 или 1872 година во Каликратис на островот Крит.Ευθύμιος Καούδης. Во периодот меѓу 1903-1906 година се приклучил на грчката вооружена пропаганда и зел учесво во Борбата за Македонија обиколувајќи ги Баба, Корештата и Мариово.

На 13 јуни 1903 година иа минал грчко-турската граница и навлегол во МАкедонија со андартската чета подготвена од Георгиос Цондос, а во неа се нашле и критјаните Георгиос Перос, Ламбринос Вранас, Георгиос Диконимос, Георгиос Сејменис, Георгиос Зуридис, Георгиос Стратинакис, Евстратиос Бонатос, Манусос Катунатос и Николаос Лукакис.

Откако Евтимиос Каудис го убил мухтарот од Зелениче, Каудис заедно со Германос Каравангелис влегле во селото и митрополитот извршил богослужба на грчки јазик.

По избувнувањето на Илинденското востание имал борба со чета на Македонската револуционерна организација кај Влахоклисурата, а подоцна учествувал во опожарувањето на селото Косинец. Потоа сите критјани со исклучок на убиениот Георгиос Сејменис ја напуштиле Македонија, но во 1904 година тие се вратиле Трайкова, Весела, „НАЧЕНКИ НА АНДАРСКОТО ДЕЛО В МАКЕДОНИЯ ­ КАРАВАНГЕЛИС, ЙОН ДРАГУМИС И ДЕСЕТИНАТА КРИТЯНИ“, списание "Македонски преглед", Година ХХІV, 2001, кн. 1, 45-60 с.

На 30 ноември 1904 година четите на Митре Влаот и Геро Ресенски ги нападнале Каудис и капетан Буас (Спирос Спиромилиос) во Желево, но биле одбиени со помош на Власите гркомани од Песодер Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том ІI, София, 1943, стр. 193..

Во 1905 година негов четник бил Павле Илиев, поранешен андартски капетан. На 25 март 1905 година четите на Георгиос Цондос, Евтимиос Каудис, Георгиос Макрис, Павлос Гипарис и капетан Болакас, околу 300 андарти, го нападнале Загоричани, во нападот загинале околу 100 души, а целото село изгорело „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“ На 5 април 1906 година во Бесфинја четата на Каудис е разбиена и тој на напуштил Македонија.

Учествувал во Балканските војни. Во 1929 година е основач на асоцијацијата на македономахите (македонски борци) „Павлос Мелас“. По Втората светска војна во Грција ги напишал своите спомени, а во 1956 година починал .

Литература Ευθύμιος Καούδης, Απομνημονεύματα (1903 - 1907), επιμέλεια ΄Αγγελος Χοτζίδης, Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα, Θεσσαλονίκη 1996

Извори

Каудис Евтимиос