Хадсон () — река во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси, САД.

Извира од езерото Солза од Облаците, поледничко езеро на планината Адирондак, реката Хадсон тече југоисточно, па заедно со притоката Мохавк, што во неа се влева во близината на градот Олбани, продолжува да тече последните 240 км од својот тек. Долината на долниот тек на Хадсон ја потопило морето во последиот леде период, оставајќи зад себе подводен длабок канњон длабок 180 км. Влијанието на приливот и одливот се забележува сè до Олбени, каде што приливот достигнува висина од 1,4 м. Земјишните облици што се истакнуваат во долната долина се Палсејдс, низа од стрмнини на местото каде што реката се пробива низ цврстите карпи. Од 1609 година, кога ја истражувал Хенри Хадсон, оваа река има трговско зачење. Напредокот во XIX век, особено изградбата на каналот Ири, ги поврзал реката Хадсон со Големите Езера и предизвикала побрзо ширење на западната „граница“. Хадсон сè учте е еден од главните пловни текови.

Реката Хадсон како тема во уметноста и во популарната култура Некои дела од областа на уметноста и популарната култура ја обработуваат реката Хадсон, како на пример: „Хадсон ривер“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 36-41. Школа на реката Хадсон — уметнички правец во САД од средината на XIX век

Поврзано Хадсонов Залив

Наводи

Категорија:Реки во САД Категорија:Реки во Њујорк Категорија:Реки во Њу Џерси