Лох Дерг () — езеро што се наоѓа во јужниот дел на централната рамнина на Ирска на околу 30 км спротиводно од утоката на реката Шанон. Ова езеро со неправилен облик се наоѓа во обликувана делница со ледничка ерозија во долината на Шанон. Тесниот јужен ракав, кој е најдлабок дел од езерото, бил создаден за време на последниот леден период, со набивање на ледот во најјужниот дел од клисурата низ која денес истекува реката од Езерото. Островот во езерото Дерг кој е наречен „Чистилиште на Свети Патрик“, бидејќи се смета дека овој светец на него престојувал во 445 г. од н.е., има верско значење. Наводи
Категорија:Езера во Ирска Категорија:Голвеј (грофовија) Категорија:Клер (грофовија) Категорија:Типерери (грофовија) Категорија:Шанонски слив