Грчко-турската војна, позната како „Западниот фронт“ () е воен конфликт, кој во Турција се смета за дел од Турската војна за независност. Овој конфликт уследил по завршувањето на Првата светска војна и се водел во периодот меѓу 1919–1922. Војната се водела меѓу Грција и Турција. И покрај успехот на грчката армија во почетокот, војната завршила со победа на Турција и со протерување на милион и половина Грци, од своите родни места во Мала Азија и Источна Тракија Жорж Кастелан, "История на Балканите" С., Хермес, стр. 413-416. Грчката кампања започнала затоа што сојузниците од Антантата, особено тогашниот британски премиер, и ветиле на Грција за сојузништво во војната, територијално проширување на сметка на Отоманското Царство. Конфликтот завршил со тоа што Грција морала да се повлече на границата од пред почетокот на војната и со големо разменување на население.

Извори

Категорија:Турска војна за независност Категорија:Војни на Грција Категорија:Војни на Турција Категорија:Грчко-турски односи