Хрисостомос Хрисомалидис, познат како Пападракос () бил грчки свештеник, член на Елиномакедонскиот комитет, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис Хрисостомос Хрисомалидис е роден 1872 година во гратчето Ираклија, Источна Тракија, тогаш во Османлиското Царство. Учел при грчкото училиште во Зарифи в Пловдив, а подоцна станал ајдут во Тракија.
Потоа завршил духовна богословија во Халки кај Германос Каравангелис. Во 1987 година како доброволец учествувал во Грчко-турската војна.
Во 1904 година се вклучил во Елиномакедонскиот комитет, на 13 ноември 1904 година навлегол во Македонија со четите на Георгиос Цондос и Алексис Караливанос и се судрил со Македонската револуционерна организација, а соработувал и со Георгиос МакрисGounaris, Basil C. „Preachers of God and martyrs of the Nation“, http://balkanologie.revues.org.
На 4 декември 1904 година во Либешево го ликвидирал војводата Костандо Живков Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 357.. Во подоцнежниот период дејствувал и со Павлос Гипарис.
По напуштањето на Македонија се оженил и создал семејство . Станал свештеник на гробишта во Атина. Во текот на Првата балканска војна учествувал како доброволец и служел како свештеник во грчката армија Χρυσόστομος Χρυσομαλλίδης
Извори
Хрисомалидис Хризостомос