Знамето на Соломоните е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 18 ноември 1977. Знамето е составено од два триаголника во сина и зелена боја, поделени со дијагонална златна лента. На синиот триаголник, во кантонот, има пет бели петокраки. Петте ѕвезди ги претставуваат петте главни острови."The Solomon Islands Flag", Solomon Times, September 23, 2008 Сината боја го симболизира околното море на Соломонските Острови, зелената боја ја симболизира земјата, додека златната боја го симболизира сонцето.

Граѓанската инсигнијаCivil Ensign (Solomon Islands) (за трговски бродови) и државната инсигнијаState Ensign (Solomon Islands) (за владини невоени бродови) е малку поразлично од државното знаме. Имено, во двете знамето е поставено во кантонот, а целото знаме е со црвена или сина позадина.

Останати знамиња

Наводи

Поврзано Соломони Грб на Соломоните

Надворешни врски

Категорија:Национални симболи на Соломоните Соломонови Острови