Кале — археолошко наоѓалиште во тетовското село Долно Палчиште. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа веднаш над селото, на еден висок рид со зарамнето плато, каде што се гледаат траги од одбранбен бедем, грамади од градежен камен и фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба — населба од неолитско време; Дрмник — средновековна црква и некропола. Наводи
Категорија:Долно Палчиште