Прој Роглес — археолошко наоѓалиште во тетовското село Рогле. Претставува населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика. Се наоѓа северно од селото, во приватна нива, каде на блага падина со зарамнето плато се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови и грамади од градежен материјал. Во една просторија на поголема градба, можеби црква, се откриени остатоци од мозаичен под со полихромни тесели.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Роглевска тврдина — кастел од римско време; Марков Ѕид — населба од римско време; Кука — утврдена населба од раноантичкото и доцноантичкото време и црква од старохристијанското време.

Наводи

Категорија:Рогле