Црква или Црквиште — археолошко наоѓалиште во тетовското село Шипковица, на местото на зградата на поранешната Општина Шипковица. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во централниот дел на селото, каде уште во 1935 година, од страна на жителите на селото биле откриени темели од мала еднокорабна црква, а околу црквата гробови градени од камени плочи. Според кажувањето на жителите, во гробовите биле наоѓани бакарни пари, керамички садови и крстови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Шипковица
Наводи
Категорија:Шипковица (Тетовско)