Тетово — археолошко наоѓалиште во Тетово. Претставува осамен наод од доцнобронзеното време. Археолошкиот музеј откупил меч случајно откопан во градот. Мечот е од микенски тип и се датира во XIV-XII век пред н.е. Излеан е од бронза и има долга танка форма. Бил наменет за парадни цели и веројатно како знак на достоинство ѝ припаѓал на истакната личност од Полог. Овој меч, заедно со ваквите наоди од Скадар, ги означува најсеверните простори до кои допирале производите од микенско-егејската област.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Бањиче — населба од доцната антика; Бузане — населба од доцна антика; Дреноец — населба од доцна антика; Исар — градска населба од доцна антика и среден век; Горно теќе — населба од римско време; Св. Петка — населба од римско време; Ул. „Браќа Миладиноци“ — населба од римско време; Ул. „ЈНА“ — населба од римско време; Ул. „Штипска“ — гробница од раната антика.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Тетово