Марена — археолошко наоѓалиште во тетовското село Теарце. Претставува населба од римското време и средновековна црква. Се наоѓа на околу 500 м јужно од селото, во нивите што се наоѓаат под патот, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во 1954 година, со истражувањата извршени од Археолошкиот музеј од Скопје на чело со Блага Алексова, биле откриени урнатини од еднокорабна црква со нартекс и остатоци од живопис. Денес таа е возобновена и е посветена на Св. Марена. Од наоѓалиштето потекнува надгробна плоча со латински натпис која се чува во Музејот на тетовскиот крај.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Црква „Св. Марена“ — денес возобновената црква на местото каде е пронајдена средновековната црква; Бигор Слатински — населба од доцната антика; Градиште — населба од доцноантичко; Железничка Станица — населба од римско време; Црквиште — црква и некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Теарце