мини|400п|Сценска изведба на народното оро Потрчано. Македонските народни ора се традиционални танци кои се неопходно важни во македонскиот фолклор и музичка традиција. Тесно се поврзани со народните ора од соседните држави, имено, Грција, Бугарија, Србија и Албанија, но поради музичкиот мелос, добиваат ендемски одлики конкретно на регионот Македонија. На територијата на Република Македонија, пак, зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора се делат во пет регионални групи: Северни ора, Источни ора, Западни ора, Јужни ора и Југозападни ора.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 61.
Особености
мини|лево|Панаѓур пред црквата „Св. Недела“ во Битола снимен од браќата Манаки, помеѓу 1905-1912
Според содржината и кореографијата, македонските народни игри, песни и музика можат да бидат обредни и световни (соборски или празнични). Од обредните игри ќе ги наброиме: додолските, лазарските, коледарските, русалиските и други. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: борбените, свадбарските, жетварските, љубовните, хумористичните и други. Според формата, ората се делат на: ора што се играат во полукруг, во затворен круг, во змијовидна форма или во парови.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 62. Македонските ора се многубројни и разновидни. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите. Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, „на сретсело“, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората имаат и одлики што се манифестираат и во разнообразноста и богатството на движењата и ставовите (држењето) во играњето. Тие можат да се или отворени, или затворени, а играчите се држат за рацете, за рамењата, за појасите, под рака, или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои смеат да изведуваат додатни чекори и движења. Ората обично се вијат на десно, но има такви што се вијат на лево. Изреката „... се пренесува од колено на колено“, на пример, е конкретно рефлектирана во некои движења на ората. Македонските ора изобилуваат со кореографски движења како: полусвртување, клекнување, потскокнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други. Исто така, многу ора имаат промена во ритамот, обично менувајќи се од бавна во брза песна. мини|320п|лево|Скопје, Русалии (1930-ти).
Обичаи поврзани со ората Традиционално во Македонија постоела забрана жена да игра оро без дозвола на мажот. Жената можела да игра само со блиски роднини, а со непознати или подалечни роднини, можела да се фати на оро само со држење на шамивче.Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 55 Кога се одело по невеста во црква, свирачите запирале со свирење 15-20 чекори пред црквата. Во Струмичко, Русалиите се играат 12 дена, од Божиќ до Водици, и при тоа собираат пари и подароци за помагање на училишта и за други хумани намени.Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 62 Во Штип и Кочани имало обичај во понеделник по свадба да се пеат вулгарни песни, а жените се преоблекувале во машка облека, ставале низа лук и пиперки околу вратот, го црнеле лицето и играле и пееле пред куќите на кумот, деверот и кај други роднини.Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 64
Инструменти и музика Ората најчесто се придружувани од народните инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се карактеристични за градовите. Народната музика е обемен термин, но вреди да се напомене дека најпопуларните ритмички тактови кои ги придружуваат ората се «5/8», «7/8», «5/4» и «7/16» - меѓу многу други.
Што се однесува до времетраењето на ората, тоа не е одредено, и често се игра додека играчите или свирачите не се уморат.Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 53 Забележани се случаи и кога се играло оро без музика и без пеење. Орото што се играло на ваков начин било слично на „Право оро“ или на „Глуво оро“. При играње само се извикувало „Оп, оп, оп“, а играорците често се држеле за рамо.Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр.63
Видови ора Дури и со исто име, постојат некои ора што се различни во секој регион или изведувани поинаку поради кореографијата.
Адана: «2/4»Партитури и белешки, Адана Арамиско (Арап): вер. I «13/16»; вер. II A:«4/4», B:«2/4»Партитури и белешки, Арамиско Арнаутско (Арапско): «13/8»Партитури и белешки, Арнаутско Баба Ѓурѓа: «11/8» вер. I (3+2+2/2+2);Партитури и белешки, Баба Ѓурѓа (1) вер. II (3+2+2/3+1)Партитури и белешки, Баба Ѓурѓа (2) Бајраче: «11/8» (3+2+2/3+1) Баро бијав: «2/4» Беда: «7/8»Партитури и белешки, БедаYouTube - Беда оро Беласичко: «2/4»Партитури и белешки, БеласичкоYouTube - Беласичко оро Беранче: «12/8»Партитури и белешки, Беранче Беровка: «2/4»Партитури и белешки, Беровка Брсјачко оро: «2/4»Партитури и белешки, Брсјачко Буките оро: «11/8»Партитури и белешки, Буковско Буковско (Пиперово): «7/16» + «11/16»Партитури и белешки, Буковско Буфчанско оро: вер. I «2/4»;Партитури и белешки, Буфчанско (1) вер. II «4/4»Партитури и белешки, Буфчанско (2) Велгошко оро Велигденско оро: вер. I «7/8»;Партитури и белешки, ВелигденскоYouTube - Велигденско оро (1) вер. II «10/8»YouTube - Велигденско оро (2) Влаина оро Влечено оро Водарки Воденско Гајдарско оро: Глувонемо оро: Грбач оро: Драчевка: Дуде Дрне оро: Егејско оро: Елено моме: Жетварка: Зарамо оро: Зборско оро: Ибраим оџа оро: Иванице: Јени јол оро: Кавадарка оро: Кавракировско: Калајџиско оро: Касапско оро: Комитско оро: Копачка: Костурско: Крстачко оро: Крстено: Левото: Лесното оро: Лисолај оро: Малешевка: Машкото оро: Невестинско оро: Овчеполско оро: Одено оро: Оро машко зарамо: Орото почна: Осоговка: Охридска деветорка оро: Пајдушко: Пембе оро: Повардарие: Повратено оро: Поступано оро: Потрчано: Потрчулка: Правото: Право Тиквешко: Пуштено: Рамното оро: Ратевка: Русалии: Русинско оро: Свадбарско: Седенка: Ситното оро: Скудринка: Старо оро: Старотиквешко: Старското оро: Тешкото: Тиквешко: Топанско: Тресеница: Тоска: Тресеница оро: Тропнало оро: Циганче оро: Циганчица: Црногорка: Црпи вода, Јано: Чалгиско оро: Чамче: Четворка оро: Чупулица: Чучук: Шаваро оро: Ширто оро: Шопка: Шопското оро: Штипско девојче:
Наводи
Категорија:Македонски ора