Градиште или Кале — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Присојница. Претставува средновековна утврдена населба. Се наоѓа помеѓу селата Присојница и Скудриње, високо над реката Радика и патот што води за Дебар, од левата страна на долот Осој — на издолжено и зарамнето плато, кое благо се спушта кон исток, каде се гледаат грамади од кршен камен, фрагменти од тегули, имбрекси, а спорадично се среќаваат и фрагменти од керамички садови и питоси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано На Црков — дсредновековна црква; Ограѓе — некропола од средниот век; Урдобар — некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Присојница