Горна Црква — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Враништа. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на 1 км северозападно од селото, на простор со димензии 50 × 50 м обраснат со грмушки. На местото биле откриени неколку гробови градени од тегули, „на две води“, а имало и гробови ѕидани од камен. Во гробовите биле пронајдени керамички садови и лакримариуми.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Враништа; Долно Ливаѓе — населба од неолитско време; Кортиниче — населба од римско време; Кралој Загони — населба од неолитско време; Ливатче — населба од неолитско и бронзено време; Св. Атанасија — црква и гробишта од средниот век; Св. Богородица — сакрален објект од средниот век; Црквени Ливади — населба од неолитско и бакарно време; Шумски Ливади — населба од неолитско и бакарно време.
Наводи
Категорија:Враништа