Гродаица — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Долна Бањица. Претставува доцноантичка некропола. Се наоѓа на околу 1 км југоисточно од селото, на западните падини на ридот Гродаица, во приватни ниви, каде се откриени камени плочи на длабочина од 1,20 м. Голем дел од некрополата е уништен со изградбата на поединечни станбени објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Пусто Лозје — средновековна некропола; Црквиште — средновековна некропола.
Наводи
Категорија:Долна Бањица