Шерафетин Неби (турски: Şerafetin Nebi; Скопје, , - , ) — македонски глумец, режисер и драмски автор од турска народност.

Животопис

Неби бил роден во Скопје на 1 октомври 1920 година во турско семејство. Основно и средно образование (медреса) завршил во Скопје во 1937 година. До 1950 година работел како учител и како бербер, а потоа се вработил во Турската драма при Турски театар - Скопје. Воедно тој бил еден од неколкутемина основоположници на оваа установа, во која работел до пензионирањето во 1986 година. Бил добитник на Наградата за животно дело при Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2002 година. Починал на 1 јули 2008 година во Скопје.

Творештво

Одиграл над сто улоги, најчесто главни. Режирал дваесетина претстави. Автор е на три пиеси („Суртук“, „Рашела“, „Месечина во облаци“). Некои од поважните театарски улоги му се во: Милисав („Сомнително лице“, 1950); („Зулумќар“, 1953); („Сосила лекар“, 1954); („Источен ветер - западен ветер“, 1955); („Коштана“, 1956); Згаарел („Ѓаволштините на Скапен“, 1957); („Тахир и Зухре“, 1962); („Сите мои синови“, 1968); Јаго („Отело“, 1973); („Шест лица го бараат авторот“, 1974); Д-р Петров („Моралист“, 1976); Трајан („Рацин“, 1979); Тарарас („Шеќерна приказна“, 1981).

Наводи

Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски драмски автори Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски Турци