Беќир Синани (албански: Beqir Sinani; ) е поранешен член на ОНА.

Во времето на македонскиот конфликт од 2001 година бил еден од првите команданти кои делувале во селата Танушевци, Брест, Малино, а поодоцна и во кумановско-липковскиот регион. Тој бил инволвиран во илегален трансфер на оружје и воена опрема за потребите на ОВК преку територијата на Македонија, за кое имал формирано илегална мрежа во Скопје. Во март 2001 година бил уапсен и против него било поднесено кривична пријава за недозволено поседување на оружје„Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 85.

Во текот на јули 2008 година бил тешко повреден пред неговиот дом во Шуто Оризари.

Наводи

Категорија:Македонски Албанци Категорија:Членови на ОНА Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје