Историјата на економските теории се занимава со различни мислители и теории што се однесуваат на политичка економија и економија од древниот свет до денешен свет. Таа опфаќа различни школи на економските теории. Древни писатели, како филозофот Аристотел, истражувале идеи за „уметноста“ на стекнување богатство и истражувале дали е подобро приватна или државна сопственост. Во средниот век научниците како Томас Аквински тврделе дека е морална обврска на трговијата да продава добра по праведна цена. Британскиот филозоф Адам Смит е често наведен како татко на модерната економија поради неговата студија „Богатството на нациите“ (“The Wealth of Nations”, 1776). Неговите идеи се основани врз значителен опус од претходниците од 18 век, особено од физиократите. Неговата книга се појави вечерта на Индустриската револуција со големи промени поврзани со економијата. Во наследниците на Смит се вклучени и класични економисти како свештеникот Томас Малтус (Rev. Thomas Malthus), Жан Батист Сеј (Jean-Baptiste Say), Дејвид Рикардо (David Ricardo) и Џон Стјуарт Мил (John Stuart Mill). Тие го истражувале начинот на кој националното производство е реализирано и дистрибуирано помеѓу доселените, капиталистички и работнички класи и ги моделирале резултатите од населението и меѓународната трговија. Во Лондон, Карл Маркс го критикуваше капиталистичкиот систем, кој го опиша како експлоататорски и изолирачки. Околу 1870та, неокласичните економисти се обиделе да подигнат позитивно, математичко и научно втемелено поле врз нормативна политика.
По војните во раниот 20 век, Џон Мејнард Кејнс (John Maynard Keynes) ја предводел реакциијата против она што беше опишано како владино апстинирање од економски работи, застапувајќи интервентна фискална политика за стимулација на економската побарувачка и раст. Со свет поделен помеѓу капиталистите – првиот свет, комунистите – вториот свет и сиромавите од третиот свет, пост-воениот консензус се сруши. Другите како Милтон Фридман (Milton Friedman) и Фридрих Хајек (Friedrich von Hayek) предупредуваа за „Пат до ропството“ (The Road to Serfdom) и социјализам, фокусирајќи ги нивните теории на она што би се постигнало преку подобра монетарна политика и дерегулација. Додека Кејнзијанската политика попушташе во 1970те, се појави таканаречената Нова Класична Школа со истакнати теоретичари како Роберт Лукас (Robert Lucas) и Едвард Прескот (Edward Prescott). Владините економски политики од 1980те беа оспорени и економистите за развој како Амартија Сен (Amartya Sen) и економистите за информација како Џозеф Стиглиц (Joseph Stiglitz) воведоа нови идеи во економската теорија во 21-от век.
Рана економска теорија
Најраните дискусии за економија дтаираат уште од античко време. Во тоа време и сѐ до индустриската револуција, економијата не била посебна гранка во науката туку дел од филозофијата. Во античка Атина, робовладетелско општество, но и општество кое развива зачетен модел на демократија, книгата на Платон „Република“ содржи упатства до усовршување на работата и производството. Но, неговиот ученик Аристотел е тој што создаде неколку од позначајните аргументи што сѐ уште се во економскиот дискурс.
Аристотел
Аристотел во своето дело „Политика“ (околу 350 п.н.е.), претежно се интересира за анализа на различни форми на државно уредување ( монархија, аристократија, конституционална влада, тиранија, олигархија, демократија) како критика на Платоновото застапување на владеачката класа од „филозофи-кралеви“. Особено за економистите, Платон изготвил нацрт на општеството врз основа на заедничка сопственост на ресурсите. Аристотел на овој модел гледал како на олигархијска анатема. Во Политика, книга II, дел V, расправа дека,
„Сопственоста треба во извесна смисла да е заедничка, но како општо правило, приватна, бидејќи кога секој би имал различен интерес, луѓето не би се жалеле еден на друг и повеќе ќе напредуваат, затоа што секој ќе биде посветен на сопствениот бизнис... И освен тоа, тука е и најголемото задоволство во правење добрина или услуга на пријатели или гости или сопатници, што е возможно само кога човек има приватна сопственост. Овие предности се изгубени поради прекумереното обединување на државата.“
Иако Аристотел се залагал за тоа дека многу работи може заеднички да се поседуваат, исто така тврдел дека не сѐ може да биде заеднички поседувано, од проста причина „злобата на човековата природа“. „Очигледно е дека е подобро сопственоста да е приватна“, напишал Аристотел, „но, заедничката употреба и посебниот бизнис на законодавецот е да создаде добронамерната природа во човекот“. Во Политика книга I, Аристотел расправа за општата природа на домаќинствата и пазарната размена. Според него постои одредена „уметност на добивка“ или „начин на сткнување богатство“. Единствената цел на парите како такви е средство за размена, што значи само по себе дека „ се безвредни... не се корисни за која било од животните потреби“. Сепак, Аристотел нагласува дека поради тоа што „инструментот“ на парите е ист, многу луѓе се опседнати со обичната акумулација на пари. „Начинот на стекнување богатство“ за едно домаќинство е „неопходно и достоинствено“, додека трговската размена на мало за обичната акумулација е „праведно критикувана, затоа што е нечесна“. Аристотел остро се противел на заемите со енормни камати и бил згрозен од профитирањето преку монополи.
Среден век
Тома Аквински (1225-1274) е италијански теолог и писател за економски прашања. Предавал во Келн и Париз и бил дел од групата на католички учители познати како Схоластици, кои ги поместија нивните интереси од теологијата до филозофските и научни дебати. Во статијата „Summa Theologica“ Аквински го опфаќа концептот на фер цена, за која смета дека е неопходна за репродукција на социјалниот поредок. Имајќи многу сличности со модерниот концепт на долгорочна рамнотежа, фер цената би требало да биде таа која ќе ги покрива трошоците за производство, вклучувајќи ги и одржувањето на работникот и неговата фамилија. Тој тврди дека е неморално продавачите да ги покачуваат нивните цени просто затоа што купувачите се во огромна потреба за производот.
Аквински обработува повеќе теми во форма на прашања и одговори, значајни области кои се занимаваат со теоријата на Аристотел. Прашање 77 и 78 се однесуваат на прашања од економијата, главно поврзани со тоа што всушност е фер цена и со чесноста на продавачите кои подметнуваат неквалитетна роба. Аквински се противи на секоја форма на мамење и препорачува компензацијата секогаш да се исплаќа во замена за добра услуга. Според неговото мислење, додека човековите закони не можат да наметнат санкции за нефер работење, божествените закони можат. Еден од главните критичари на Аквински е Дунс Скот (1265-1308) во неговото дело „Sententiae“ (1295). Почнувајќи од Дунс, Шкотска, тој предавал и во Оксфорд, Келн и Париз. Скот смета дека е возможно да се биде попрецизен во сметањето на фер цената од Аквински, нагласувајќи ги цените на трудот и трошоците – иако признава дека вторите може да се зголемени од претерување, бидејќи купувачите и продавачите најчесто имаат различни мислења за тоа што се подразбира под фер цена. Според Скот, доколку луѓето немаа корист од одредена трансакција, не би тргувале. Скот ги брани трговците затоа што вршат неопходна и корисна социјална улога, транспортирајќи добра и правејќи ги достапни за јавноста.
Меркантилисти и национализам
Од локализмот на средниот век феудалните лордови и новите национални основи почнале да се зацврстуваат. Од 1492 година и истражувањата како оние на Кристофер Колумбо, биле отворени нови можности за трговија со Новиот Свет и Азија. Новите моќни монархии сакале да ја зацврстат нивната состојба. Меркантилизмот бил политичко движење и економска теорија која ја препорачала употребата на државната воена сила за да се осигури дека локалните пазари и изворите за набавка се заштитени. Меркантилистичките теоретичари мислеле дека меѓународната трговија нема да им биде од корист на сите земји во исто време. Бидејќи парите и златото биле единствените извори на богатство, имало ограничен квантитет на ресурси за да се поделат помеѓу земјите. Затоа, тарифи треба да бидат искористени за да се охрабри извозот (со значење дека повеќе пари влегуваат во земјата) и да се обесхрабри увозот (односно да се праќа богатството во странство). Со други зборови, треба да се одржува позитивен баланс на трговијата, со суфицит од извозите. Терминот меркантилизам бил создаден кон крајот на 1763 година од страна на Виктор Рикети, маркиз на Марибо и популаризиран од Адам Смит, кој строго се спротивставил на меркантилистичките идеи.
Томас Ман
Англискиот стопанственик, Томас Ман (1571-1641) во својата книга „Англиското богатство преку трговијата со странство” ја претставува раната меркантилистичка политика. Иако, не била објавена до 1663 година, пред тоа кружела како ракопис. Тој бил член на East India Company и во „Discourse of Trade from England into the East Indies” (1621 година) пишувал за своите тамошни искуства. Според Ман, трговијата бил единствениот начин да се зголеми богатството на Англија (т.е. националното богатство) и во потрага по таа цел тој предложил неколку насоки на дејствување. Важне биле умерената потрошувачка за да се зголеми количината на добра достапни за извоз, да се зголеми обработката на земја и други природни домашни ресурси за да се намали увозот, намалување на царината за извозот на добрата кои се произведени во државата од странски материјали и извозот на добра со непопустлива побарувачка затоа што повеќе пари можат да се заработат од повисока цена.
Филип фон Хорник
Филип фон Хорник (1640-1712 година, понекогаш се спелува како Хорник или Хорнек) е роден во Франкфурт на Мајна и станал австриски службеник и пишувал во време кога неговата земја била под постојана закана од Отоманска инвазија. Во „Австрија над сите, кога би била” (1864) тој ја истакнал една од најјасните изјави на меркантилистичката политика. Тој набројал девет основни правила за национална економија.
„Да се истражувата почвата во државата со огромна грижа и да не се занемарат земјоделските можности од ниеден агол или грутка земја... Сите комодитети пронајдени во државата, кои не можат да се користат во својата природна состојба, треба да бидат обработени во рамките на земјата... Треба да се обрати внимание на населението кое треба да биде толку големо колку што земјата може да издржи... Златото и среброто под никакви услови не смеат да се извадат надвор за кои било цели... Жителите треба да прават напори за да домашните производи им бидат доволни... Странските стоки не треба да бидат заменети за злато и сребро, туку за домашни производи... и треба да бидат увезени во недовршена форма и да се доработат во државата... И дење и ноќе треба да се изнаоѓаат можности за да се продадат непотребните добра на земјата на овие странци во преработена форма... Под никакви услови не треба да е дозволен увоз ако дома има доволно залиха со соодветен квалитет.
Жан-Батист Колберт
Жан-Батист Колберт (1619-1683) бил министер за финансии под власт на крал Луј XIV од Франција. Тој постави национални здруженија за да ги регулира повеќето индустрии. Свила, лен, таписерија, производство на мебел и вино биле примери за работите по кои Франција била позната и за кои било потребно членство во здружение во кое ќе функционираат. Вака останало сè до француската револуција. Според Колберт едноставно и единствено изобилството на пари внатре во државата ја прават разликата во нејзината величественост и моќ.
Британско просветлување