Ена Веко (родена во како Елена Домазетовска) — македонска рап пејачка, најмногу популарна во 1990-тите години. Автор на нејзините песни песни е нејзиниот стрико, реномираниот македонски музичар Тоше Поп Симонов, со кој по раскинувањето на соработката заминува на студии во Сиднеј, Австралија и таму останува да живее. Издала само еден албум, но сите нејзини песни биле хитови во тоа време. Најпознати се Царевата ќерка, До кога вака?, Келнерот, Љубомора, Мачо мен, Не приоѓај ми, Во чија си прегратка?, Земјани луѓе и др. Позната била и со дуетите со групата „Легенда“, со песната Признавам, не признавам и настапот на фолк-фестивалот Цветници 93, во комбинација со Мирко Митревски и групата „Академци“, во темата Си заљубив раперка.
Дискографија Бубачки и градски ѕверки
Наводи
Надворешни врски Збирка на видеа со песните на Веко Податоци за музички изданија евидентирани од ВБУ Музички Регистар
Категорија:Македонци од Австралија Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Луѓе од Скопје