Кале — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Равен. Претставува утврдена населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна некропола. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, на висок рид со зарамнето плато, каде се гледаат ѕидови од бедемот на тврдината, градени од кршен камен и варов малтер, дебели и до 2 м. Надворешниот појас на тврдината е исто така граден од кршен камен и варов малтер, а дебелината на овие ѕидови е до 0,60 м. Во подножјето на тврдината, спрема Јеловичка Река се откриени траги од населба -градби изведувани од кршен камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси. Најдени се и повеќе монети од Валентијан и Јустинијан. Северозападно од тврдината се откриени остатоци -гробови од доцноантичка некропола, а над неа, во горните слоеви, има гробови од словенска некропола кои се градени од камени плочи -тип циста.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Историја Наоѓалиштето било прогласено за културно наследство врз основа на актот 178 од 14 јануари 1955 година.
Поврзано Равен
Наводи
Надворешни врски Археолошки локалитет,,Калаја", с. Равен, Општина Гостивар на Youtube
Категорија:Равен