Ветва Црква — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Чајле. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 2 км северозападно од селото, во подножјето на наоѓалиштето Градиште, во непосредната близина на каменоломот, каде од јужната страна се гледаат ѕидови од урната црква, а околу неа камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — населба од железно и доцноантичко време; Јурија — средновековна населба; Список на археолошки наоѓалишта во Гостиварско

Наводи

Категорија:Чајле