Томе Брез или Тумба — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Форино. Претставува некропола и тумул од железно време. Се наоѓа на југозападната периферија на селото, на падините на Сува Гора, на патот Гостивар - Форино, каде на мала висорамнина се забележуваат повеќе мали тумули индицирани со ситни камења.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Глаица — населба од доцноантичко време; Леска — средновековна населба; Калдрма — средновековна населба; Селиште — средновековна населба; Рудина — населба и некропола од доцноантичко време; Список на археолошки наоѓалишта во Гостиварско.
Наводи
Категорија:Форино