Сибила Петлевски (хрватски: Sibila Petlevski; , Хрватска, ) — видна хрватска писателка од македонско потекло.
Животопис
Петлевски е родена на година во , Хрватска како ќерка на познатиот македонски сликар Ордан Петлевски. Дипломирала компаративна книжевност и англиска литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во 1988 година. Магистрирала во 1991, додека докторирала во 1996 година. Предава театрологија на Академијата за драмски уметности во Загреб. Член е на Одборот на Меѓународниот ПЕН и дописна членка е на француската поетска академија L'Académie Mallarmé. Пишува на хрватски и англиски јазик, но дел од нејзините дека се преведини и на македонски јазик. Нејзината поезија и проза се преведени на околу десет јазици. Таа настапувала на голем број меѓународни книжевни конференции. Добитник е на врвни меѓународни награда. Мажена е за Давид Газаров, виден германски пијанист и композитор од ерменско потекло.
Почесен член е наДруштво на писатели на МакедонијаМакедонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004..
Библиографија
Автор е на:
поезија
Skok s mjesta (1990.), Sto aleksandrijskih epigrama (1993.), Babylon (2000.), Heavy Sleepers, (2000.), Libitina (2002.) i Spojena lica (2006.)
проза
Francuska suita (1996.) i Koreografija patnje (2002.). Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Не пуштам злото да помине преку мојата врата! - Нова Македонија (февруари 2011) Sibila Petlevski eine mächtige Stimme aus Kroatien
Категорија:Хрватски писатели Категорија:Македонци во Хрватска Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет