„Свети Кирил и Методиј“ — соборна црква во центарот на Велес, во состав на Повардарската епархија на Македонската православна црква.
Се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш до гимназијата „Кочо Рацин“ во Младинскиот парк. Изградбата е започната во 2006 година сè уште е во тек, односно во завршната фаза. Според изгледот црквата Свети Кирил и Методиј во Велес е изградена по примерот на црквата „Света Богородица“ во с. Калишта, Струшко. Црквата ќе зафаќа површина од 500 м2.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Велес Велес Категорија:Катедрали во Македонија Категорија:Македонската архитектура во 2006 година