Структурализмот е метод на хуманистичките науки кој се обидува да анализира одредена област (на пример, митологија) како сложен систем на меѓусебно поврзани делови. Започнал во лингвистиката со работата на Фердинанд де Сосир (1857-1913), но многу француски интелектуалци сметаат да треба да има поширока примена, па моделот е брзо променет и применет во други области, како што се социологија, антропологија, психологија, психоанализа, теорија на литературата и архитектурата. Ова водело до почетоците на структурализмот не само како метод, туку и како интелектуално движење кое го преземало егзистенцијалистичкиот пиедестал во Франција во 1960-тите.
Во 1970-тите, дошло до внатрешен напад од страна на критичарите, кои обвиниле дека бил премногу строг и неисториски. Сепак многу теоретичари на структурализмот, како што е Жак Лакан, продолжиле да го истакнуваат влијанието на континенталната филозофија, и многу од темелните претпоставки на неговите критичари, поддржувачи на постструктурализмот, т.е предводници на постструктурализмот се само продолжение на структурализмот.
Според Алисон Еситер, постојат четири идеи се заеднички на различните форми на структурализмот, како „интелектуален тренд“. Прво, структурата е она што ја одредува позицијата на секој елемент во една целина. Второ, структуралистите веруваат дека секој систем има структура. Трето, структуралистите се заинтересирани за „структуралистичките“ закони, кои се занимаваат со соживотот, а не со промените. И, на крајот, структурите се „вистинските работи“ кои лежат под површината или појавата на значењето.
Историја
Структурализмот се појавил во науката во втората половина на XX век и прераснал во еден од најпопуларните движења во академските области кои се занимаваат со анализа на јазикот, културата и општеството. Работата на Фердинанд де Сосир за лингвистика генерално се смета за почетна точка на структурализмот. Терминот „структурализам“ се појавил во делата на францускиот антрополог Клод Леви-Строс и се проширил во Франција како „структуралистичко движење“ кое е поттикнато од работата на мислителите како Луј Алтисер, психоаналитичарот Жак Лакан, како и структуралниот марксизам на Никос Пулантес. Повеќето членови не се опишувале како дел од таквиот метод. Структурализмот е тесно поврзан со семиотиката. Постструктурализмот се обидел да се разликува од едноставната употреба на структуралистичкиот метод. Деконструкцијата е обид да се избега од структуралистичката мисла. Некои интелектуалци како Јулија Крстева, на пример, го земаат структурализмот (и рускиот формализам) за почетна точка за подоцнежното појавување на истакнати пост-структуралисти. Структурализмот имал различни степени на влијание во општествените науки, најмногу во областа на социологијата.
Структурализмот во лингвистиката мини|десно|Рускиот лингвист и фонолог Роман Јакобсон Структурализмот тврди дека човечката култура треба да се сфати како систем од знаци. Роберт Сколс го дефинира структурализмот како резултат на модернистичките оттуѓувања и безнадежност. Структуралистите се обидувале да ја развијат семиологијата (систем на знаци). Фердинанд де Сосир бил основач на структурализмот во XX век, а доказ за тоа може да се најде во „Курс по општа лингвистика“, книга напишана од колегите на Сосир по неговата смрт, а заснована на белешките на неговите ученици, каде што тој се концентрирал на употребата на јазикот (јазик или говор), а не на основниот систем на јазикот, и ја нарекол неговата теорија семиологија. Меѓутоа, откритието на основниот систем морало да се направи преку испитување на говорот. Според тоа, структуралистичките јазичари се всушност рана форма на корпус јазичарите. Ова движење се задржало на истражувањето за тоа како елементите на јазикот се меѓусебно поврзани во сегашноста, т.е , „синхрониски“ а не „дијахрониски''. На крај, тој тврдел дека јазичаричките знаци се составени од два дела, означувач (звучниот редослед на зборовите, во замислата во умот - како кога ние во себеси рецитираме стихови од песна, или - во реалната, физичка реализација, како дел од говорен акт) и означено (концепт или значење на зборовите). Ова е сосема различно од претходните методи кои се фокусираат на односите помеѓу зборовите и предметите во светот кои ги определуваат (Рој Харис и Талбот Тејлор, знаци во јазичната мисла, 1. издание 1989, стр. 178-179).
Клучни поими во структуралната лингвистика се поимите на моделот, синтагмата и вредноста, иако овие поими не биле сè уште целосно развиени во Сосировата мисла. Структуралната парадигма е всушност класа на јазичарички единици (лексеми, морфеми, дури и објекти) кои се возможни во една одредена позиција во дадена јазична околност (како дадена реченица), која е синтагмата. Различните функционални улоги на овие членови од моделот се наречени вредност. Структуралната книжевна критика го поврзува книжевниот текст кон поголема сеопфатна структура, опсег на интертекстуални врски, модел на универзалната раскажувачка структура или поим на наративност, што е систем на повторливи шеми и мотиви.
„Курсот” на Сосир имал влијание врз многу јазичари помеѓу првата светска војна и втората светска војна. Во САД, на пример, Леонард Блумфилд развил своја верзија на структуралната лингвистика, како и Луј Јелмслев во Данска и Алф Сомерфелт во Норвешка. Во Франција Антоан Милет и Емили Бенвенист ја продолжиле Сосировата програма. Најистакнати се, сепак, членовите на јазичаричката школа во Прага, како Роман Јакобсон и Николај Трубетски, кои спровеле истражување што подоцна било влијателно.
Најјасен и најважен пример на Прашката школа за структурализмот лежи во фонемиката. Наместо едноставно составување на список на звуци во јазикот, во Прашката школа се бара да се испита колку се тие поврзани. Тие утврдиле дека звуците во јазикот можат да бидат анализирани како серија на спротивности. Па англиски звуците /p/ и /b/ ги претставуваат различни фонеми, бидејќи постојат случаи (минимални парови), каде што контрастот помеѓу две е единствената разлика помеѓу два различни зборови (на пример, "pat" и "bat"). Анализирајќи звуци во смисла на контрасти, исто така, отвора спореден ефект – разјаснува. На пример, Јапонците тешко разликуваат /r/ и /l/ во англиски јазик поради тоа што овие звуци не се различни во јапонскиот. Иако овој метод е сега стандарден во лингвистиката, во тоа време бил бунтовен. Фонологија ќе стане парадигматичка основа на структурализмот во различни области.
Структурализмот во антропологијата и социологијата
Главни статии: целокупната антропологија и структурален функционализам
Според структуралната теорија во антропологијата и социјалната антропологија, значењето е произведено во рамките на културата преку различни вежби, феномени и активности, кои служат како систем на значењето. Структуралистчките истражувачки активности, како разликата во подготовка на храна и ритуалите за служење, верските обреди, игри и книжевни и некнижевни текстови, како и други форми на забава, се користат за да се откријат структурите од кои е произведено значењето и спроведено во културата. На пример, еден истакнат експерт за структурализмот и антрополог, Клод Леви-Строс, во 1950-тите ги анализирал културните феномени, вклучувајќи митологија, сродство (сојузната теорија и инцест табуто), и подготовка на храна (види структурална антропологија). Освен овие истражувања, произвел и повеќе јазично-фокусирани записи, каде што ја применил разликата помеѓу говор и јазик во неговата потрага за основните структури во човечкиот ум, тврдејќи дека структурите кои ја формираат "длабоката граматика" на општеството потекнуваат од умот и дејствуваат во нас несвесно. Леви-Строс е инспириран од теоријата за информации и математиката.
Друг концепт е позајмен од прашката јазичаричка школа, каде што Роман Јакобсон и други ги анализираат звуците, врз основа на присуството или отсуството на извесни одлики (како на пример безвучност наспроти звучност). Леви-Строс го вклучил во неговата концептуализација на универзални структури на умот, врз основа на парови на бинарни структури, како што се топло-ладно, машко-женско, култура-природа. Трето влијание дошло од Марсел Мос, кој пишувал за подарена размена на системи. Врз основа на Мос, на пример, Леви-Строс тврдел дека сродните системи се засноваат на размена на жени меѓу групите (позиција позната како „теорија на заедница“), спротивставена на „потеклото“ на теоријата опишана од Едвард Еванс-Причард и Мајер Фортез.
Заменувајќи го Марсел Мос во неговата „Практична школа на високи студии“, пишувањата на Леви-Строс станале популарни во 1960-тите и 1970-тите години и го прошириле терминот "структурализам". Во Британија автори како што се Родни Нидем и Едмунд Лич многу биле под влијание на структурализмот. Автори, како што Морис Годелиер и Емануел Тереје, го комбинирале марксизмот со структуралната антропологија во Франција. Во САД, автори, какошто се Маршал Салинс и Џејмс Бун изградиле структурализам за да им овозможи сопствени анализи на човечкото општество. Структуралната антропологија паднала во немилост во почетокот на 1980-тите години поради неколку причини. Д'Андраде (1995) предлага дека структурализмот во антропологијата на крајот е напуштен бидејќи нашравил непроверени претпоставки за универзалната структура на човечкиот ум. Автори како Ерик Вуф тврделе дека политичката економија и колонијализмот треба да бидат повеќе во првите редови на антропологијата. Во принцип, критиката на структурализмот на Пјер Бурдие довела до загриженост за тоа како културните и социјалните структури биле променети од човековите активности и практика, а станале познати со Шери Ортнер, кој ги навел како "теорија на практиката."
Некои антрополошки теоретичари, придавајќи значителна вина на грешките на Леви-Строс за структурализмот, не скршнуваат од фундаменталните структурни основи на човечката култура. Биогенетичката структуралистичка група, на пример, тврдела дека некои видови структурни наоди за култура мора да постојат, затоа што сите луѓе наследуват ист систем на структурата на мозокот. Група на невроантрополози биле предложена. Тие ги формирале наодите за покомплетни научни искази на културните сличности и разлики барајќи интеграција на културната антропологија и невронауката - програма, исто така прифатена од теоретичарите, како што е Виктор Тарнер.
Структурализмот во книжевни теории и книжевна критика