Арбановци — археолошко наоѓалиште во дебарското село Баниште. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на стотина метри западно од селото, на една блага падина, каде се среќаваат грубо обработени камени плочи од гробни конструкции. Гробовите се од типот циста, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Краста — средновековна црква и некропола; Ров — средновековна некропола;

Наводи

Категорија:Баниште