Алпите (; ; ; ; ; ) е името на едни од најголемите планински вериги во Европа, протегајќи се од Австрија и Словенија на исток; преку Италија, Швајцарија, Лихтенштајн и Германија; до Франција на запад.

Највисокиот врв на Алпите е Монблан, на 4.810 метри (15,775 стапки) од италјанско-француската граница. Сите главни врвови на Алпите можат да се најдат на списокот на планини на Алпите и на списокот на врвови на Алпите според еминентност.

Името „Алпи“ е изведено од француското од латински Alpes, кое можеби е во сродство со латинското albus („бело“). Германското Albe, Alpe или Alp (од старогорногерманското alpâ, во множина alpûn) во еднина значи „alpine pasture“, а само во множина може да се однесува на планинската верига како целина.Јакоб Грим, „Германски речник“: „Albe“, „Alpe“. Избворно значење: „бел“ (поради трајниот снег на високите делови). Веројатно поимот бил застапен во италокелтските говори бидејќи келтските јазици имаат поим за високи планини изведен од зборот alp.

Алпите како тема во уметноста и во популарната култура „Тартарен на Алпите“ - роман на францускиот писател Алфонс Доде од 1885 година.Ivan Dimić, „Alfons Dode - prodavac sreće“, во: Alfons Dode, Tartaren Taraskonac. Beograd: Rad, 1963, стр. 100-101. „Некогаш, на Алпите“ (Некад, у Алпима) - песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ.Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 234-235.

Поврзано Северни Варовнички Алпи Јулиски Алпи Динариди Јужни Алпи (Нов Зеланд)

Наводи

Категорија:Планини во Европа