Лепра (од гр. λέπι, рибја кожа) — хронична заразна болест позната од старо време. Позната е и како Хансенова болест. Предизвикувач на оваа болест е бактеријата Mycobacterium leprae, која денес може успешно да се лечи со антибиотици. Времето на инкубација на оваа болест трае од неколку месеци до 40 години. Лепрата не е лесно заразна болест. За да се пренесе од еден на друг човек потребен е долготраен контакт со заболен.
Симптоми Симптомите на лепрата варираат во голема мерка од пациент до пациент. Главниот симптом е умирање на нервите и промена на крвните садови поради згрутчување на крвта. Заболениот губи чувство за ладно, топло и болка. Поради ова, заболените често се повредуваат и се инфицираат без да почувствуваат болка и потреба од лекарска помош. Лепрата не убива директно, туку смртноста е последица од ваквите секундарни инфекции.
Епидемиологија 350п|мини|десно|Случаи на инфекција со лепра во светот, 2003 година.
Оваа болест сè уште не е искоренета, но е ограничена и е под контрола. Најголем број случаи на заболени од лепра денес има во Индија и Мјанмар. Лепрата е проблем и во Африка (Мозамбик, Танзанија) и Бразил. Годишно се регистрираат 230.000 до 270.000 нови случаи во светот (состојба од 2008 година).
Лепрата како мотив во уметноста и во популарната култура „Лепрозниот“ (англиски: The Leper) - песна на американската рок-група „Дајносор“ (Dinosaur) од 1985 година.DISCOGS, Dinosaur* – Dinosaur (пристапено на 30.7.2020) „Лепрозниот месија“ (англиски: Leper Messiah) - песна на американската хеви-метал група „Металика“ (Metallica) од 1986 година.Discogs, Metallica – Master Of Puppets (пристапено на 17.1.2021)
Наводи
Надворешни врски
Документарен филм за лепрата Netflix
Категорија:Бактериски болести Категорија:Тропски болести