Троја — археолошко наоѓалиште во дебарското село Спас. Претставува доцноантичка некропола. Се наоѓа на северозападната периферија на селото, на благо зарамнета тераса, каде при поставувањето на топли леи биле откриени гробови - тип циста. По површината на теренот се гледаат фрагменти од камени плочи, делумно обработени, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Спас Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Спас