мини|400п|десно| Серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект (наречен и „Сер-Драма-Лагадин-Неврокопски дијалект“) ја опфаќа крајната југоисточна граница на македонскиот јазик. Се зборува во градовите Сер, Драма, Лагадина и Неврокоп и нивните околини. Тие се крајните македонски дијалекти кои ја опфаќаат територијата помеѓу долните текови на реките Места на исток и Струма на запад, и помеѓу денешната грчко-бугарска државна граница на север и бреговите на Егејското Море на југ. Во овие дијалекти влегуваат и дваесетина села од областа Чеч, источно од реката Места и селата западно од реката Струма во подножјето на Беласица.
Серски говори Серскиот дијалект врз основа на главните дијалектни особености се дели на два говора: струмски и белички, наречени по реките Струма и Белица кои течат низ тие говорни подрачја.
Струмски говор:
Најважни особини на струмскиот говор од областа на фонетиката се:
Континуанти на ѫ без разложен назализам: вéдро, колéно, ерембúца, говéндо, чéндо... Рефлекс е на носовката ѧ : говéдо, лешта, рет... Малубројни и мошне ретки остатоци од назализмот. Редовен континуант о од ъ во сите положби: бочва, сон, петок, сос него... Преод на ѣ во ‘а во акцентирана положба: нив’áста, нид’ал’а..., со исклучок на некои села, каде што преоѓа во е: бел, ветер... Замена на цѣ – со ца - : цал, цалина... Лабијализација на е во о: ч’опка, тенжура... Генерализирање на мекоста кај согласките со исклучок на ж,ч,ш, џ. Чување на х во сите положби. Упростување на групите стр, здр: бисра, сесра, здраф... Наместо прасловенските групи *tj, *dj се јавуваат континуантите шт, жд и споредните вредности к’, г’: к’е, к’еше, к’али, мег’у... Согласна промена жд > шк : вешки, сашки... Двоен акцент: кáтерúца, учúтелкáта, натовáренúте, брáтовá му, хóди мý са, зáповéдитé му, óрехóвчене, лалýгерúцата...
Поважни морфолошки и синтаксички особини на струмскиот говор се:
Множинска наставка - ове кај именките од машки род: волове, денове, снопове... Наставките - ена и - ета кај именките од среден род во множина: именá, кучета... Членска форма - о: брегó, снегó, кон’ó... Повеќе разновидности на личните заменки за прво и второ лице еднина: јас, јаска, јазе, јазека, ти, тина, тинака, тизе, тизека. Паралелна употреба на личните заменки за трето лице он, она и тој // тојнака, т’а. Акузативна заменска форма за машки и среден род во еднина него го // нега га. Кратки акузативни заменски форми за женски род во еднина га // ја. Систем од три показни заменки, за машки и женски род во еднина и множина: тоа, таа, т’аа, ноа, наа, н’аа, суј, саа, сеја. Презентски форми на помошниот глагол сум: сам, си, е, сме, сте, са. Честичка ке, к’е за образување идно време. Отсуството на прашалната честичка ли: Го виде? Му даде? Употреба на кратките заменски форми на почетокот од реченицата: Го даде на менека...
Белички говор:
Беличкиот говор го особини следните црти од областа на фонетиката: Замена на ѫ во ă во акцентирана положба: вăже, гăба, мăш, и со а во неакцентирана положба: капина, патува, стаптах... Континуант е на носовката ѧ : месо, чедо... Мошне ретки и малубројни остатоци од назализмот. Вредности ă од ъ во поголемиот дел од селата во акцентирана положба: бăчва, вăшка, дăш... Замена на ѣ со ‘а во акцентирана положба: д’адо, гол’ам, м’асто, со исклучок на некои пунктови, каде што се заменува со е: река, човек... Вредности ц’а- и ца- од цѣ- : ц’ал, цаде... Преглас на етимолошкото ‘а со е во неколку населби: жеба, жепки, чеша... Слаба редукција на неакцентираните самогласки а,о,е. Лабијализација на и во у : џуберúнки, чумерúка...и на е во о: чошма, пештура... Вредности рă, ăр, р’ : крăф, срăп од р’ и лă, ăл: слăнце од л. Генерализирање на мекоста кај согласките со исклучок на ж,ч,ш,џ. Замена на х со ф на крајот на зборот: праф, суф, рекоф...и поретко во средината на зборот: дуфна... Упростување на групите стр, здр: срана, срико, здраф... Рефлекси шт, жд наместо прасловенските групи *tj, *dj и спорадичните вредности к’, г’: к’е, к’ах, к’еше... Согласна промена жд > шк: вешки, сашки... Двоен акцент: сúпанúца, убèдовáше, правослáвиéто, нéгова сú, мáјка тú е, зáповéдите му, мóмечéтата, прикáзовáнето...Како поважни морфолошки и синтаксички особености на беличкиот говор се:1. Множински наставки - ена и - ета кај именките од среден род во множина: именá, телета...
2. Членска форма - о: столó, азмакó, равнáко...
3. Повеќе разновидности на личните заменки за прво и второ лице еднина: јас, јаска, јазе, јазека; ти, тина, тинака, тизе, тизека...
4. Паралелна употреба на личните заменки за трето лице: он, она и тој // тојнака, т’а...
5. Заменска форма во акузатив за машки и среден род во еднина него го // нега га...
6. Кратки акузативни заменски форми за женски род во еднина: га // ја.
7. Систем од три показни заменки, за машки и женски род во еднина и множина: тоа, таа, т’аа, ноа, наа, н’аа, суј, саа, сеја...
8. Презентски форми на помошниот глагол сум: сăм, си, е, сме, сте, сă.
9. Честичка ке, к’е за образување идно време.
10. Отсуство на прашалната честичка ли: Ти кажá? Имаш?
11. Употреба на кратките заменски форми на почетокот од реченицата: Му дадé да разберé?Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.30-45
Драмски говори Според главните дијалектни црти драмскиот дијалект се дели на три говори: мрвашки, зилјаховски и чечки говор.Најважни диференцијални црти на мрвашкиот, зилјаховскиот и чечкиот говор од областа на фонетиката се:
Преодот на ѫ во ă во акцентирана положба: гăба, дăп, зăп. Замената на ѧ со е, којашто преовладува. Мошне ретки и малубројни остатоци од назализмот: глåмба, измундри, тенгал’... Преод на ъ во ă во акцентирана положба: сăн... Преод на ѣ во ê најчесто во акцентирана положба пред меки слого и и пред шушкавите гласови ж, ч, ш: бêше, флêзе, мêсец, мрêж’а, но мошне често и во е: спеше, слезе...а пред тврди слогови и во ‘а: д’адо, р’ака, мл’ако...Осовено во јужните села, на чиј терен се среќава и преодот на ѣ во је во изолирана населба: дјете, рјека... Замена на цѣ- со ца- : цал, цалина... Преод на ы во ă, ы, во одделни пунктови : сăна ми, бåва, вåка... Преглас на етимолошкото ‘а во е: ере, еребúца, еде, кýкумéфка, кошера, шемар, и во имперфективна наставка –ај: убич’еј, слуш’еј, руч’еј... Редукција и на крајот од зборот на неакцентираните самогласки а > ă : кăвă, грăдă, на о > у: урало... Лабијализација на о во уо, у: уоблак, уобрас, уоган, вулна, пулна, нуш...и на и во у: ж’убри, ж’уф, кол’уба...и на е во о: ч’ошма, чурêша, пенжура, прештура... Рефлексите ăр, ар // рă од р: вăрх, сарце, трăн...и ăл, ал // лă од л: вăл’к, жалтица, длăк... Генерализирање на мекоста кај сите согласки. Отсуство на африкатите џ и ѕ. Чување на х во сите положби. Упростување на групите стр, здр: сесра, срана, здраф... Континуанти шт, жд на прасловенските *tj, *dj. Констонантска промена жд > шк : вешки, сашки. Вредност цăр- наместо чрь- : цăрвéн, цăрнúца... Двоен акцент: вóзглавнúца, учúтелкáта, зеленúкавóто, нéгова сú...Од областа на морфологијата и синтаксата поважни диференцијални црти на мрвачкиот, зелјаховскиот и чечкиот говор се: Множинска наставка - е кај именките од машки род: мåже, рибáре, копáче... Множинска наставка - ета кај именките од среден род: вåжета, кучета, мулета... Член - ă во акцентирана положба: градă, синă, нусă, и во неакцентирана положба –е по меки согласки: коне, коше, ноже... Заменски форми нехи јă, нехи хи во акузатив и датив еднина за женски род и хми, односно хим // хим за сите три рода во множина. Систем од три показни заменки, за машки и женски род во еднина и множина: тоа, таа, т’аа, ноа, наа, н’аа, суј, саа, сеја, коишто се јавуваат и со честичките –с, -зи: тос, този, тузи и со проширување: тузикана, нóзикáна... Прашална заменка кутåр // кутри, кутрá, кутрó, кутрú. Неопределена заменка боадúн, боаднá, боаднó, боаднú со отсуство повеќе фонетски варијанти. Отсуство на наставката –м во прво лице еднина кај глаголите од е- и и-група: с’ака, сечéш, седе(а), седúш... Наставка - м во прво лице множина кај глаголите од е- и и-група: сечéм, седúм. Презентските форми на помошниот глагол сум : сăм, си, е, сме, сте, сă. Честичка ша, шта (штă), односно са, ста (сă, стă) за образување идно време. Употреба на помошната одречна заповедна форма: немóј (нимóј, нимó) и определена глаголска форма (нимóј берéш, немóј рукáш, нимó терáш...) Наставки –штем и –шком за глаголскиот прилог: викаштéм, тăрчишкóм... Употреба на кратките заменски форми пред помошниот глагол во минато неопределено време: млого гу е харéсал... Употреба на придавната наставка - шти: пилешти, телешти... Наставка - ова за образување итеративни глаголи: казова, видова, лекова.
Лагадинско-богдански говори Под лагадинско-богдански говори ги опфакаме говорите на осум села од кои четири се наогаат околу Лагадинското Езеро (Ајватово, Балевец или Балавча, Илинец, Киреч Ќоj или Пазваново / Паjзаново) и четири во висорамнинската област Богданско (Сухо, Висока, Зарово, Негован). Една поголема говорна целина претставуваат селата Висока, Сухо, Балевец, Илинец и Зарово, иако и меѓу нив има некои не малку значаjни разлики, додека говорот на Негован, Ајватово и Киреч Ќоj се разликува со повеќе особености и од сушко-височкиот, а има разлики и меѓу одделните села.Дијалектите на македонскиот јазик, том 2, Божидар Видоески, 1999, Скопје, стр. 84Главни фонетски особини на сушко-височкиот говор се:
Многубројни континуанти на ѫ – ӑ (н), ӑ (м) // а (н), а (η), a (м): гӑска, дрӑηк // драηгó(т), мӑнч // манчó(т), дӑмп // дамбó(т), дúгнаха, бирáт и др. Вторична назализација: бӑнц, лӑнџа(м), ланџúца, мӑηгла, бӑнчфа и др. Бројни рефлекси: ’ä(н), // ’а(н), е(н) // и(н) од ѧ: мäсу // м’асóту, хлóпучäнта, јагн’анта, пил’а, кучанту, сӑ пусв’антú, д’евит’, ченду // чиндá, гр’енда // гриндáта и др. Вредности ’ä // ’ą, е4 // и од ѣ: чув’äк, д’äт’а, л’äп, в’äк // в’ąкóт, ведру, м’еру, д’евер’ // дивир’ó(т), ид’éни итн. Развој на ъ > ӑ // а во коренот на зборот: дӑш // даждó(т), дӑх // дахó(т), сӑн // санó(т) и др.,односно ъ > ó // у во наставката -ъкъ: гарнóк, п’ентук, дубúтук, мозук и др. и во членот -ътъ: санó(т), дин’ó(т), свинтéцу(т) и др. Премин на ьl > ӑ // а во Висока: сӑн // санó(т) < сьNъ // сьNътъ: кӑтка, сӑт, мӑшка, блӑха, снӑха, снӑхӑт’а и др. Различни вредности за р̥ - р̥, ӑр̥, ӑр̥ӑ, ӑр̥, ӑр // ąр, рӑ // рą: бр̥на, сӑр̥на, кӑр̥ӑф, гр̥ӑп, дӑр̥ву // дрąвá, брӑшнáл итн. и за л – ӑл // ал, лӑ // ла: вӑлна, жалтнúкаф, слӑба, влӑк // влакó(т) итн. Групата чер- се јаува изведена од чрь-: черна, черв’а и др. Генерализирање на мекоста кај согласките со исклучок на ч, џ, ш, ж. Вредности шт, жд наместо прасловенските групи *tj, *dj: сф’äшта, гашт’a, раждам, рӑждаф и др. Пазење на х: хитра, хладна, дадуха, имáхти, пучúвах и др. Вметнување на т, д во групите ср, зр: страм, стр’ебру, здр’äл и др. Редукција на неакцентираните самогласки: пунд’äлник, дистúна, у зуртá и др. Двоен акцент: бр’äгувéту, кýмувéту, нóжувéту, рáбут’äхми, с’éстрит’ä му и др.Поважни црти од областа на морфологијата на сушко-височкиот говор се:'''
Множински наставки кај именките од машки род -уви во неакцентирана, односно –уве(ту) во акцентирана положба: бр’äгуви // бр’äгувéту, бутуви // бýтувéту; -офци, односно –уфци // -уфцé(ту): з’éнтуфци // з’éнтуфцéту, стрикуфци // стрúкуфцéту; -и // -е: облаци // облац’éту, п’асуци // п’áсуцéту; -ӑ // -é(ту), -’а(т’a): габир’а // гáбир’éту, орах’ą // óрах’éту, нофт’а, нофти // нуфт’áт’ą и др. Членска морфема -ó(т) // -у(т). Множински наставки кај именките од женски род -ӑ // -а: блӑха, јáблакӑтą и др. во Висока и -ą // -’ą // - ’ä: т’ą, офц’а // уфц’äтą, ноѕ’ą // нуѕ’äтą и др. Множинска наставка -’ąнта // -’äнтą, -’анта кај именките од среден род: јагн’ąнта, јáгничàнта, слáвурчäнта, мур’äнта и др.