Стара Црква — археолошко наоѓалиште во дебарското село Селокуќи. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа среде село, во непосредната близина на селската чешма, на издолжен гребен со правец север-југ, каде во 1945/46 година, при нивелирањето на теренот за изградба на селското училиште биле откриени гробови градени од камени плочи - тип циста. Во гробовите не биле најдени предмети. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Мерсуид — средновековна некропола; Мојсиева Црква — средновековна црква и некропола; Музгалица — неолитска населба; Шулон — средновековна некропола; Таранеш — населба и некропола од римско и доцноантичко време; Селокуќи; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;

Наводи

Категорија:Селокуќи