Пуно () е град во Перу кој се наоѓа на бреговите на езерото Титикака. Пуно е главен град на покраината Пуно и регионот Пуно и има население од околу 100,000 жители. Овој град бил основан од поткралот Педро Антонио Фернандес де Кастро како главен град на покраината Паукарола под името Сан Хуан Баутиста де Пуно. Ова име подоцна било променето во Сан Карлос де Пуно во чест на шпанскиот крал. Во Пуно, денес има неколку катедрали од колонијалниот период и градот важи за центар на перуанскиот фолклор.

Галерија

Поврзано Перу Градови во Перу Регион Пуно

Надворешни врски Музика во Пуно Општи информации за патување во Пуно MSN Map - elevation = 3808m

Категорија:Пуно