Џемил Чичек (роден на во Јозгат) е турски политичар, поранешен заменик-премиер на Турција од Партијата на правдата и развојот и моментален Претседател на турското собрание. Освен ова, во текот на својата политичка кариера тој бил Министер за правда и потпарол на владата.
Дипломирал на Правниот факултет на Истанбулскиот универзитет и се приклучил кон централно-десничарската АНАП во 1983 година. Тој станал пратеник, а во доцните 1980-ти и министер задолжен за "семејствата". Во оваа улога тој станал познат по своите конзервативни ставови за прашањата околу сексот и бракот. Тој подоцна станал министер за енергија и природни ресурси, но бил избркан од АНАП во 1997 година, по која тој се приклучил на исламската партија Фазилет која подоцна се споила кон АКП.
Тој беше министер за правда во првата влада на АКП (2003-2007). За време на неговото министерство, тој морал да се справи со ситуации, вклучувајќи ги:
бомбашките напади во Истанбул во 2003 година ослободување од затвор на поранешниот пратеник Лејла Зана, осудување на голем број на полицајци обвинети за мачење на затворениците. обид за самоубиствен бомбашки напад во неговото министерство.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Турски министри Категорија:Истанбулски универзитет Категорија:Турски политичари