Џонатан Едвардс ( - ) бил проповедник, теолог и мисионер кај домородните Американци. Едвардс е „општо признаен како најважен и оригинален филозофски теолог во Америка“ и еден од најголемите Американски интелектуалци. Теолошката работа на Едвардс има широк обем, но тој често е поврзуван со неговата одбрана на реформираната теологија, метафизиката на теолошкиот детерминизам и пуританското наследство. Неодамнешните истражувања нагласуваат колку темелно Едвардс ја засновал својата работа врз концепциите за убавина, хармонија и етика и колку централно место заземало просветлувањето во неговиот начин на размислување. Едвардс одигра критичка улога во формирањето на Првото големо будење, и ги предвиде некои од првите знаци на преродба во 1733-1735 во неговата црква во Нортхемптон, Масачусетс. Едвардс ја предаде беседата “Грешници во рацете на лутиот Бог‘‘, класично дело од раната американска книжевност за време на вториот бран на преродба во 1741, следејќи ја “Тринаесетте колонии‘‘ на Џорџ Витфилд. Едвардс е широко познат по неговите бројни книги: Крајот за кого Бог го создал светот; Животот на Давид Брејнерд, кои послужија како инспирација на илјадници мисионери низ XIX век; и Религиски наклоности, која многумина реформирани евангелисти ја читаат и денес. Едвардс почина од вакцина против мали сипаници кратко после неговото назначување за претседател на Колеџот во Њу Џерси(подоцна именуван како Принстон) и беше дедо на Арон Бур.
Ран живот Џонатан Едвардс, роден на 5 октомври 1703, беше син на Тимоти Едвардс (1668-1759), министер во Источен Виндзор, Конектикат (денес јужен Виндзор) кој ја заработуваше својата плата со подучување на момчиња за колеџ. Неговата мајка, Естер Стодард, ќерка на свештеникот Соломон Стодард од Нортхемптон, Масачусетс, беше жена со невообичаени ментални способности и независен карактер. Џонатан, нивниот единствен син, беше петти од единаесетте деца. Неговиот татко и неговите постари сестри кои имаа одлично образование го подготвуваа за колеџ. Кога имаше десет години тој напиша полухумористична расправа за нематеријалноста на душата. Тој се запиша на колеџот Јејл во 1716, на возраст под тринаесет години. Следната година тој стана познат со Есејот кој се однесува на Човечкото разбирање на Џон Лок, кој длабоко влијаеше на него. За време на неговите студии, тој ги означуваше своите тетратки со “За умот“, “Природни науки“, “Скриптите“ и “Зборник“, имаше голем план за работа врз природната и менталната филозофија, и самиот си извлече правила за своето дело. Тој се интересираше за природонауката и на седумнаесет години, напиша значаен есеј за навиките на “летачкиот пајак“. Пред неговото дипломирање во септември 1720 година, имаше добро формулирана филозофија. Тој помина две години по своето дипломирање во Њу Хејвен учејќи теологија. Од 1722 до 1723 осум месеци беше свештеник кој држеше проповеди во мала презвитеријанска црква во Њујорк. Црквата побара од него да остане но тој одби. После два месеци поминати дома во учење, во 1724-1726 тој беше еден од двајцата тутори на Јејл, заработувајќи го името главен тутор заради својата лојалност кон факултетот и неговото ортодоксно поучување, во време кога ректорот на Јејл универзитот (Тимоти Катлер) и еден од неговите тутори преминаа во Англиканската црква. Годините од 1720 до 1726 се делумно забележани во неговиот дневник и во неговите анализи за своето однесување. Тој долго време трагаше по спасение и не беше целосно задоволен со своето преобразување сè додека во последната година на факултет кога сфати дека изборот на некои за спас и изборот на други за целосно проклетство е „ужасна доктрина“и неа ја сметаше за „извонредно пријатна, светла и слатка“. Тој почна да ужива во убавините на природата и беше воодушевен од алегоричната интерпретација на Песната на Соломон. Балансирањето на овие мистични радости е строг тон на неговата Резолуција, во која тој е речиси аскетски расположен да живее чесно и трезвено, да не го троши времето, да остане умерен во јадењето и пиењето. На 15 февруари 1727 година Едвардс беше назначен за свештеник во Нортхемптон и асистент на неговиот дедо, Соломон Стодард. Тој беше свештеник-научник и имаше свое правило за тринаесет часа дневно учење. Истата година тој се ожени со Сара Пирпонт. Тогаш седумнаесетгодишната Сара беше од свештеничко семејство од Нова Англија: нејзиниот татко Џејмс Пирпонт (1659-1714) беше основач на Универзитетот Јејл, а нејзината мајка беше внука на Томас Хукер. Духовната посветеност на Сара и нејзината врска со Бог беше инспирација за Едвардс - тој за првпат ја забележа нејзината голема побожност кога таа имаше тринаесет години. Таа беше весела личност, практична домаќинка, модел на сопруга и мајка на неговите единаесет деца, меѓу кои беше и Естер Едвардс. Соломон Стодард почина на 11 февруари 1729 година, оставајќи му на својот внук тешка задача , свештеничката одговорност за една од најголемите и најбогати заедници во колонијата, заедница горда на својот морал, култура и углед.
Големото будење На 7 јули 1731 Едвардс го проповедаше во Бостон “Јавното предавање“ подоцна објавено под наслов “Бог се прослави- во човековата зависност“, што претставуваше прв јавен напад врз Арминизмот. Акцентот на предавањето беше врз апсолутната независност на Бог во процесот на спасување: додека Бог беше одговорен за создавањето на чист човек без гревови, нему му беше задоволство да му ја гарантира вербата која на секој човек му е потребна за да постигне посветеност; и Бог може да ја одбие милосрдноста без потценување на неговиот карактер. Во 1733 започна религиозна преродба во Нортхемптон која достигна голем интензитет зимата 1734 година и следната пролет, што претставуваше закана за градот. За шест месеци, речиси триста луѓе се приклучија во црквата. Преродбата му даде можност на Едвардс за проучување на процесот на преобраќање во сите свои фази и облици, и тој ги забележа своите набљудувања со психолошка прецизност во делото „Верен опис на изненадувачката работа на Бог во процесот на преобразба на многу стотици души во Нортхемптон“ (1737). Една година подоцна тој ги објави „Дијалози за разни важни теми“, пет проповеди кои се покажаа како многу ефективни во процесот на преродба и ниедна од нив не беше толку ефикасна како “„Правдата на Бог во проклетството на грешниците“ од текстот „Секоја уста може да биде замолчена“. Друга беседа, објавена во 1734, „Реалноста на духовната светлост“ го постави водечкиот принцип на преродбата, доктрината за посебен благодат на натприродното божествено просветлување на душата. До 1735 година, преродбата се прошири и се појави во долината на реката Конектикат ширејќи сè до Њу Џерси. Сепак, започна и критиката кон преродбата, па многу луѓе од Нова Англија се плашеја дека Едвардс веќе навлезе во фанатизам. За време на летото 1735 година, верскиот занес доживеа пресвртница. Голем број луѓе од Нова Англија беа погодени од преродбата, но не беа преобратени и истите беа убедени во своето проклетство. Едвардс напиша дека „толпата“ се почувствува приморана- главно од Сатаната- да изврши самоубиство. Најмалку двајца луѓе извршија самоубиство за време на својата длабока духовна принуда, едниот од верскиот собир на Едвардс- неговиот чичко Џозеф Хејли Втори. Не е познато дали и други се самоубија, но со овие самоубиства запре првиот бран на преродбата, освен во некои делови на Конектикат. Сепак, и покрај овај неуспех и ладењето на религиозната треска, преродбата и водечката улога на Едвардс се проширија до Англија и Шкотска. Во овој период Едвардс се запозна со Џорџ Вајтфилд, кој беше на турнеја со своите “Тринаесет колонии“ од 1739 до 1740 година. Тие двајца не ги разгледаа сите детали- Вајтфилд се чувствуваше комотно со силните емотивни елементи на преродбата за разлика од Едвардс- но и двајцата беа возбудени за проповедање на Евангелието. Тие работеја заедно на планирање на патувањето на Вајтфилд, најпрво низ Бостон, а потоа и низ Нортхемптон. Кога Вајтфилд проповедаше во црквата на Едвардс во Нортхемптон, тој ги потсети на нивното будење кое се случи пред неколку години. Длабоко трогнатиот Едвардс липаше за време на службата. Будењето започна да се шири повторно, и токму во овој период Едвардс почна да ја проповеда својата позната беседа “Грешниците во рацете на лутиот Бог“ во Ехфилд, Конектикат во 1741 година. Оваа беседа беше широко распространета и печатена како пример на жестокото проповедање. Тој го употреби тој стил намерно. Како што кажа историчарот Џорџ Марсден , “Едвардс можеше да се земи здраво за готово... публиката во Нова Англија го знаеше Евангелискиот лек. Проблемот беше да се натераат да го бараат“. Движењето наиде на спротивставување од страна на конзервативните министри. Во 1741, Едвардс ја објави својата одбрана “Препознатливи знаци на работата на духот на Бог“ справувајќи се со најкритикуваните феномени: бессознание, побуна и грч. Овие “ефекти на телото“ според него не претставуваат одлики на работата на духот на Бог на ниту еден начин; но чувството против преродбата во повеќето Пуритански цркви беше толку горко, што во 1742 година тој беше принуден да напиши второ извинување, “Мисли за преродбата во Нова Англија“. Неговиот главен аргумент беше големото морално подобрување на земјата. Во истиот памфлет, тој го брани жалењето кон емоциите и проповеда терор кога тоа е неопходно па дури и врз децата кои според Бог се “ млади змии“. Тој ги смета овие “телесни ефекти“ за инцидентни во однос на вистинската работа на Бог, но неговата мистична посветеност и искуството со неговата сопруга за време на преродбата го тера да мисли дека божјата казна го надвладува телото. Како одговор на Едвардс, Чарлс Чонси ги напиша „Правовремени мисли за состојбата на религијата во Нова Англија“ во 1743 година и анонимно ја напиша „Доцна религиозна возбуда во Нова Англија“ истата година. Во овие дела тој се повикува на однесувањето како единствен тест на преобразувањето; општа конвенција на министрите во провинцијата на заливот Масачусетс кои протестираа против нередот во праксата кој се прошири во многу делови на земјата“. И покрај силниот памфлет на Едвардс, се прошири мислењето дека “телесните ефекти“ се сметаа за вистински тестови за преобратување од страна на промоторите на големото будење. Со цел да го неутрализира ова мислење Едвардс проповедаше во Нортхемптон во 1742 и 1743 година, објави серија беседи под наслов “ Религиозни наклоности“ (1746), преформулирање во пофилозофски и поопшт тон на неговите идеи. Во 1747 година тој се приклучи на движењето кое започна во Шкотска, наречено „соединување во молитва“ и истата година ги објави “Скромен обид за промоција на експлицитно согласување“, “Видлив сојуз на Божјите луѓе во необичната молитва за преродба на регионот“, и “Ширење на Христовото Кралство на Земјата“. Во 1749 година, тој објави мемоар за Давид Брејнер кој живееше со неговото семејство и почина во Нортхемптон во 1747. Ќерката на Едвардс редовно го посетуваше Брејнер и за нив се шпекулираше дека се верени иако не постои доказ за тоа. Во своето елаборирање на неговите теории за преобратување Едвардс го искористи Брејнер како студија на случај, правејќи широки забелешки за преобратувањата и признанијата.
Ставови за важноста на жената Врската на Едвардс со неговата сопруга, Сара Пирпонт, беше предмет на критичка и јавна истрага. Нивната врска беше премногу идеализирана, но Едвардс беше вистински посветен на промовирање на половата еднаквост. Интересот на Едвардс за Ева е објаснет од страна на научниците како показател на неговите прафеминистички погледи: